Линкови за пристапност

Протерани учители тврдат, Русија ги милитаризира училиштата


Протерани учители тврдат, Русија ги милитаризира училиштата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Во Русија започнува новата учебна година, трета откако почна војната на Москва во Украина. Рикардо Маркина јавува за, како што велат критичарите, милитаризација на образованието преку воведување нови теми, кои го објаснуваат и оправдуваат нејзиниот целосен напад врз Украина.

Критичарите велат дека образовниот систем е една од примарните цели на руската милитаристичка пропаганда од почетокот на целосната инвазија на Москва на Украина пред две години.

Фокусот е на најмладите, вели протераната руска професорка по антропологија Александра Аркипова.

„Училиштата се под многу поголем притисок, особено јуниорските училишта. Децата постојано се учат да се навикнуваат на идејата дека „војна – ова е добро, милитаризација и милитаризирана јавност – ова е сосема точно“, вели Акрипова.

Промените во наставната програма се особено видливи во се` што е поврзано со историјата на Русија и нејзината улога во светот, како и нејзиниот однос со Украина.

На пример, учебниците тврдат дека таканаречената „специјална воена операција“, како што е позната инвазијата на Украина во Русија, била оправдана и дека Русија никогаш не ги гранатирала цивилните области.

Контролата на историскиот наратив е приоритет за Кремљ, вели поранешната руска професорка по лингвистика Светлана Друговеико.

„Историјата е она што ја обликува самосвеста на нацијата. Затоа е јасно дека многу зависи од тоа каков акцент е направен во учебникот“, посочува Друговеико.

Критичарите тоа го нарекуваат политизација и милитаризација на образованието и велат дека директивите ги довеле наставниците во тешка ситуација.

Независни организации надвор од Русија велат дека од 2022 година, 148 наставници биле прогонети затоа што искажале, како што сметале властите, пацифистички ставови во училница. Повеќето останале без работа.

Учениците и родителите сè уште имаат опции да ја избегнат владината кампања, вели наставник во основно училиште во Москва, кој побара да остане анонимен.

„Во училиштето периодично се собираат средства за помош на војниците. Родителите на децата се известуваат со порака дека ќе има собирање помош за фронтот, но на родителите останува дали ќе учествуваат или не“, вели анонимниот учител.

Но, во земја со долга традиција на фалење на оние кои ги водат нејзините војни, велат експертите, никој не ја избегнува милитаризацијата, дури ни децата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG