Линкови за пристапност

Социјалните медиуми дел од агендата на американските претседателски кадидати


Социјалните медиуми дел од агендата на американските претседателски кадидати
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

Постоечките закони со кои се регулира слободата на говорот на интернет се доведени во прашање низ политичкиот спектар на САД. Дописникот на Гласот на Америка Мет Дибл, јавува како кандидатите Камала Харис и Доналд Трамп гледаат на ова прашање.

Ако има една работа за која се согласуваат двете големи политички партии во САД, тоа е дека компаниите за социјалните медиуми мора да го променат начинот на кој работат. И кој и да ја освои Белата куќа, веројатно ќе ја оствари таа цел.

„Ако немаме слободен говор, тогаш едноставно немаме слободна земја“, истакна Доналд Трамп.

На својата веб-страница на кампањата, републиканецот Доналд Трамп тврди дека правото на слобода на говор загарантирано со Првиот амандман на Уставот на САД е прекршено од страна на некои компании за социјални медиуми.

По нападот на 6-ти јануари на американскиот Капитол, на Трамп привремено му беше забрането објавување на некои сајтови.

„По мојата инаугурација како претседател, ќе побарам од Конгресот да испрати предлог-закон за ревидирање на членот 230 за да се извлечат големите онлајн платформи од бизнисот со цензура“, рече Трамп.

Членот 230, од Законот за пристојност на комуникациите од 1996 година, беше фундаментален во воспоставувањето на интернетот што го знаеме денес, вели Бренди Нонеке, директорката на лабораторијата за технолошка политика на Универзитетот на Калифорнија, Беркли.

„Тоа всушност им дава можност на платформите да можат да ја модерираат и отстрануваат содржината без ризик од одговорност. Сега често слушаме дека Првиот амандман е прекршен од овие платформи. Сепак, Првиот амандман се однесува само на владиното потиснување на говорот. Самите платформи, тие се приватни ентитети и субјекти кои ги имаат правата од Првиот амандман“, вели Нонеке.

Претходните обиди за ревидирање на членот 230 пропаднаа. Откако профилите на Трамп беа забранети во 2021 година, Флорида и Тексас, две држави со мнозински републикански електорат, усвоија закони со кои се ограничува способноста на компаниите да го контролираат политичкиот говор на нивните сајтови.

Но, овие закони беа ставени на мирување оваа година, кога Врховниот суд на САД пресуди дека медиумските компании имаат право да носат уреднички одлуки без мешање на владата.

Политичарите од Демократската партија на Камала Харис често ги обвинуваат компаниите на социјалните медиуми дека дозволуваат премногу штетен говор на нивните платформи.

Во 2022 година, потпретседателката Харис формираше работна група во Белата куќа за да го реши проблемот, прикажано во оваа снимка од Си-Ес-Пи-Еј-Ен.

„Омразата стана толку вообичаена на интернет што како општество се нормализира, а за корисниците некои може да кажат дека е неизбежна“, истакна Харис.

Засега, правото на компаниите за социјални медиуми да ја контролираат содржината на нивните сајтови останува на сила, но за многу политичари и граѓани, ова прашање е далеку од решено.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG