Германското федерално обвинителство издаде налог за апсење против украински државјанин во истрагата за саботажа на гасоводите „Северен тек“ во 2022 година. Тоа е потенцијално обвинување кон кое германската владина коалиција сака да се однесува со голема претпазливост.
Причината: инспекторите не се сосема сигурни кој е виновен.
„Никој не знае точно во моментов, а се чини дека тројца украински државјани стојат зад тој напад на германски имот. Но, до сега нема доказ, и нема поврзаност со украинската влада“, вели Улрих Лехте од партијата Слободни демократи.
„Вол Стрит Журнал“, цитирајќи анонимни извори објави дека планот првично бил одобрен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, но дека тој го повлекол одобрувањето.
Прекинот на рускиот гас за Германија предизвика драстичен пораст на цените на енергенсите, а со тоа и инфлација низ цела Европа и голем дел од светот.
Нападот, за кој, Вол Стрит Журнал ги обвини украинските нуркачи, го оштети, но не го уништи гасоводот Нордстрим 1, а експертите велат дека може да се врати во употреба.
Беше оштетен и гасоводот Северен тек 2, чие пуштање во употреба беше запрено пред Русија да ја нападне Украина.
„Постои една прачка од гасоводот, една од четири, која сè уште е недопрена. Очигледно, нуркачите ставиле две полнења на една од жиците. Значи, имало четири експлозии кои изгледаат, како две“, вели Сергеј Вакуленко од „Карнеги Центар“.
Малку е веројатно дека Германија ќе се врати на масовна потрошувачка на руски гас, дури и ако Киев и Москва постигнат мировен договор.
Аналитичарите за Гласот на Америка велат дека по нападот, Германија развила алтернативен енергетски модел кој е поодржлив, но и поскап.
„Германија прави енергетска транзиција кон повеќе обновливи извори на енергија. Уделот на обновливите извори во производството на електрична енергија сега веќе е приближно 57 отсто“, објаснува Клаудиа Кемферт од Германскиот институт за економски истражувања.
На улиците на Москва, веста за можна вмешаност на Киев во нападот на „Северен поток“ се наметнува во медиумите како и информацијата за напредувањето на украинските сили во руската област Курск.
Некои го гледаат овој потег како демонстрација на моќ на она што многумина мислеа дека е послабата страна, а повеќе како борба за контрола на важен економски ресурс во Курск.
„Влегувањето на вооружените сили на непријателот на територијата на Курск предизвикува сериозна загриженост за руските власти, бидејќи битката не се води за Курск, туку за контрола на системот за транспорт на гас“, вели Дмитри Потапенко од Економист.
Војната на Русија во Украина веќе покажа дека нејзиното влијание го преминува бојното поле, и навлегува во глобалната економија и енергетскиот сектор.
Facebook Forum