Линкови за пристапност

Камала Харис се соочува со женомразие и расизам


Камала Харис се соочува со женомразие и расизам
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:17 0:00

Критичарите на потпретседателката Камала Харис го користат нејзиниот пол да добијат поени, велејќи и суптилно и отворено дека жената не може да ја извршува најмоќната работа во слободниот свет. Анализа на Анита Пауел. .

Трката на потпретседателката Камала Харис да ја освои највисоката функција во државата наиде на низа сексистички напади за нејзините љубовен живот, облека, па дури и за нејзиното препознатливо смеење - сите класични карактеристики, велат експертите, на женомразие.

Харис се обидува да го промени овој наратив, кој опстојува повеќе од еден век, кога првпат Американка се кандидираше за претседател.

Но, професорите велат дека Харис се соочува со дополнителен предизвик од кој не може да избега: нејзината мешана раса.

Ова е поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот претседателски кандидат:

„Таа секогаш беше со индиско потекло и го промовираше само индиското наследство. Не знаев дека е црна до пред неколку години, кога случајно стана црна. А сега сака да биде позната како црна - Не знам, дали е Индијка или црнка“, рече Трамп.

Ова, велат професорите, е дефиниција за „женомразие “.

„Женомразие е ужасен хибрид од сексизам и расизам што е специјално промовиран против црните жени. И тоа е вкоренето во стереотипите за и против црните жени, како и во овие сфаќања дека тие не се придржуваат до белите хетеропатријархални норми“, вели Надја Браун, од Универзитетот „Џорџтаун“.

Овие напади ги поттикнаа дури и некои од најострите републикански критичари на Харис да се обидат да го објаснат наративот.

„Ова не е лично во однос на Камала Харис, а нејзината етничка припадност, нејзиниот пол, немаа никаква врска со ова“, вели Мајк Џонсон, спикер на Претставничкиот дом.

Професорите велат дека постои голема поддршка за жените кои се држат до потрадиционалните улоги во општеството, како што се гледа во растечко движење на Инстаграм, кое ги гледа улогите на жените како домаќинки, мајки и помошнички.

Но, некои жени гласачи ги отфрлаат овие родови напади како „смешни“.

„Тоа е сексистичко. Тоа се луѓе кои поддржуваат мажи. Тие, дури и кога г-ѓа Клинтон се обидуваше да се кандидира велеа „Ох, не, таа е жена. Што ако има менструација. Таа ќе започне војна“, негодува Саленас Неш, жителка на САД.

Браун од Универзитетот Џорџтаун вели дека Трамп користи лични напади затоа што се плаши да се сретне со Харис лице в лице на дебата.

Во последниве денови, Харис и Трамп се препукуваат на социјалните мрежи, обвинувајќи се меѓусебно за избегнување на дебатата планирана за 10 септември.

Трамп го направи првиот потег, наместо тоа, повика на дебата на 4 септември, организирана од неговата омилена телевизија за вести.

„Мислам дека тоа веројатно е паметен потег од страна на Трамп, имајќи предвид дека Камала Харис е поранешна обвинителка и она што го видовме, сè што видовме за неа и нејзините дебатни настапи, наведува многу луѓе да веруваат дека таа ќе доминира над Доналд Трамп“, додава професорката Браун.

Откако жените го добија правото на глас во 1920 година, нивното присуство на претседателските избори се зголеми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG