Линкови за пристапност

Вештачката интелигенција внесува промени во политиката


Вештачката интелигенција внесува промени во политиката
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Во претседателската кампања на САД во 2024 година, кандидатите Џо Бајден и Доналд Трамп користат вештачка интелигенција за да привлечат гласачи. Дописникот на Гласот на Америка Скот Стернс, известува за вештачката интелегенција на овие избори во САД. 

За политичките кампањи кои сакаат да таргетираат најмногу гласачи најекономично, вештачка интелигенција е најголемата промена во политиката.

„Моделите многу брзо се подобруваат. Се чини дека секоја недела има некој нов модел кој е значително подобар од претходниот“, вели Скот Бренен, Универзитет на Северна Каролина.

Тие модели се моќни алатки за кампањи на национално ниво и на локално ниво, вели политичкиот стратег Бетси Хувер.

„Размислете за кампањата која воопшто нема дигитален персонал и затоа навистина нема програма за дигитална содржина. На пример, генеративната вештачка интелигенција им овозможува да имаат една и прилично силна ако сакаат. Или размислете за кандидатот кој се кандидира против добро финансиран актуелен претседател. Вештачката интелегенција има огромна улога во таа кампања“, додава Хувер.

Фирмата на Хувер инвестира во развој на технологија за Демократската партија и левичарските каузи. Таа вели дека клучот за машинското учење во политиката е, цитирам „Да се прави тоа на вистински начин“.

„Јас навистина не знам точно какви се нивните стандарди за секоја републиканска кампања, но знам дека демократите имаат висок стандард за тоа како ќе ја користиме оваа нова технологија. И затоа, не сум навистина загрижена за заостанување ако тоа не е етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција“, објаснува Хувер.

Во 2016 година, кампањата на Трамп се рекламираше на социјалните мрежи со хиперперсонализирани пораки, соработувајќи со британската фирма за податоци Кембриџ Аналитика, со цел директно таргетирање на поединечни гласачи во државите во кои трката меѓу партиите е тесна.

Бред Парсеил бил виш советник на таа кампања за податоци и дигитални операции. Неговата фирма ја контролирала веб-страницата на Трамп за 2024 година.

Тој, на конзервативната конференција „Фридомфест“ претходно оваа година, рече дека вештачката интелигенција може да ги анализира податоците од гласачите за да создаде големи персонализирани текстуални и електронски реклами и да распореди платени работници за да подигнат гласачки ливчиња на отсутни.

„За неколку години, ќе можете да го имате ова за водење кампања за функција на вашиот мобилен телефон, машина за објавување вести, управувана од вештачка интелигенција, да пишувате имејл за вашата кампања, технологија за прибирање финансиски средства, сè на вашиот мобилен телефон. Сè е направено за вас“, вели Парсеил.

Не се само кампањите. Анкетата на Американскиот институт за печат и Асошиетед прес, покажа дека 42 отсто од американските гласачи се загрижени оти вестите ќе користат генеративна вештачка интелигенција за да создаваат написи за време на оваа кампања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG