Линкови за пристапност

Руските новинари од егзил му парираат на контролираното државно известување


Руските новинари од егзил му парираат на контролираното државно известување
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:29 0:00

Москва презеде остри мерки против руските медиуми кои нудат независно известување за војната во Украина, поради што стотици новинари избегаа. Но, додека беа во егзил, овие медиумски работници пронајдоа начини како вестите да бидат видени во силно цензурираната земја. Известува Лиза Брајант.

Арнолд Хачатуров почнал со новинарство за да им обезбеди на своите сограѓани Руси вести што не се гледаат на каналите под државна контрола.

Потоа Русија ја нападна Украина и воведе нови медиумски ограничувања што ја нарушиле кариерата на новинарот од Москва.

„Секој независен медиум размислуваше како да продолжи бидејќи беа блокирани неколку дена по почетокот на војната“, додава Хачатуров.

Хачатуров е еден од повеќе од 1.500 руски новинари за кои се проценува дека живеат во егзил. Оваа година, неговиот медиум „Новаја Газета Европа“ отвори трета канцеларија во Париз.

Се работи за операција со две лица кои споделуваат простор за соработка како овој, кој обезбедува канцеларии и други ресурси за заедницата во егзил.

Хачатуров покрива европски и руски вести за публиката внатре и надвор од неговата матична земја, вклучувајќи и што е најново за војната во Украина.
Во Русија, темата е силно цензурирана. Социјалните мрежи се клучни за неговата работа.
„Навистина е многу тешко да се добијат информации во Русија, не само затоа што физички не сме таму, но и затоа што сме непосакувана организација, така што за луѓето кои разговараат со нас, тоа е реална опасност“, додава Хачатуров.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG