Линкови за пристапност

Помошта од САД од 61 милијарда долари за Украина го зголемува оптимизмот меѓу жителите на Киев


Одобрувањето на американскиот пакет - помош од 61 милијарди долари за Украина донесе надеж кај луѓето на улиците на Киев додека се подготвуваат за рускиот напад што се очекува за неколку недели. Многумина беа загрижени дека ја губат поддршката од САД. Кои се нивните очекувања?

Граѓаните во Киев велат дека му се благодарни на американскиот народ по неколкунеделната тензија што се влоши поради одложувањето на усвојувањето на помошта.

Откако пакетот ја мина својата прва пречка во Претставничкиот дом на САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на американските законодавци, велејќи дека помошта ќе биде од корист и за Украина и за САД.

„Го цениме секој знак на поддршка за нашата земја и нејзината независност и начин на живот, кои Русија се обидува да ги закопа под урнатините. Америка го покажа своето лидерство уште од првите денови на оваа војна. Токму овој тип на лидерство е потребен за да се одржи меѓународен поредок заснован на правила за сите нации“, изјави Зеленски.

Воените аналитичари велат дека помошта на САД, која вклучува ракети со долг дострел, би можела да ја промени играта на бојното поле.

Олександр Мусиенко, шеф на Центарот за воено-правни студии, вели дека поддршката на САД, вклучително и напредните наведувани проектили со долг дострел е критична бидејќи Украина има недостиг од оружје и муниција.

Руските трупи се подготвуваат да ја интензивираат својата офанзива на исток, а на украинските војници навистина им треба дополнително оружје, дополнителна муниција, проектили, за да ја запреме оваа офанзива, вели Мусиенко.

Мусиенко и други, веруваат дека шансите за украинските сили значително се зголемиле кога ќе се соочат со руската офанзива што се очекува во наредните месеци.

Пакетот помош на Вашингтон за Украина главно се состои од заеми, што предизвика интензивна дебата во Украина.

Земјата веќе се бори со национален долг кој достигна 145 милијарди долари, или 90 милијарди на почетокот на војната.

Некои економисти и политичари го покренуваат прашањето за тоа - како и кога Украина ќе може да го врати сето тоа.

Ова се очајни времиња за Украина, а за многу Украинци она што е најважно дека парите и помошта пристигнува сега.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG