Линкови за пристапност

Новинарите во Газа: Можете да загинете додека известувате во живо


Новинарите во Газа: Можете да загинете додека известувате во живо
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Експертите велат дека војната меѓу Израел и Хамас е најопасниот конфликт за медиумите во поновата историја. Новинарите во Газа велат дека животот им е во опасност и секоја приказна би можела да им биде последна. Известува Хедер Мардок, со Недал Хамдуна и Амјед Тантеш во Рафа. 

Многу новинари во Газа сега живеат овде во Рафа, во близина на границата со Египет, каде населението порасна повеќе од пет пати од почетокот на војната во октомври.
Жителите на Газа продолжуваат да бегаат во Рафа додека израелските вооружени сили напредуваат кон југ.

Новинарите кои работат овде велат дека секоја приказна би можела да им биде последна. Истото може да им се случи и при секое одење до пазар за да купат храна или гориво, кога одат во болница за да бараат исчезнати, повредени или загинатите, па дури и кога си легнуваат секоја вечер.

„Ситуацијата во Газа е многу тешка, а покривањето на настаните на Газа е стресно. Едно лице може да биде убиено известувајќи за какви било вести“, вели Мотасим Мохташа, новинар од Газа.

Бројот на убиени новинари во повеќе од четири месеци војна расте. Сите извештаи покажуваат дека бројот на загинати новинари е поголем отколку во која било друга војна во поновата историја.

Комитетот за заштита на новинарите, или CPJ, известува за 85 загинати, додека Обединетите нации велат дека точната бројка е 122. Новинарите во Газа велат дека бројот се зголемил на 130 од последниот пат кога некој објавил официјално пребројување на загинатите.

Мохташа вели дека зголемените тешкотии при известување од Газа ги прават поделикатни информациите да бидат објавени со посуштински карактер за разбирањето на војната во светот од гледна точка на луѓето во Газа.

„Со ограничување на новинарите и намалување на нивната сила, се спречуваат професионално да ги пренесуваат вестите. Но, кога убиваат новинар, тоа исто така, тоа ја зголемува нашата решеност постојано да ја пренесуваме вистината“, вели Мохташа.

Израелската влада им забрани на меѓународните новинари да влезат во Газа, а во декември Здружението за странски новинари во Ерусалим поднесе петиција до израелскиот Врховен суд за пристап надвор од строго контролираните воени маршрути.

Судот ја отфрли петицијата, велејќи дека ќе предизвика непотребно оптоварување на израелските одбранбени сили.
Во Газа, новинарите велат дека нивниот простор за пренесување на вестите брзо се стеснува.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG