Линкови за пристапност

Премиерот Рама иронично му одговори на рускиот амбасадор во ОН


Премиерот Рама иронично му одговори на рускиот амбасадор во ОН
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:09 0:00

Рускиот амбасадор Василиј Небензја се спротивстави украинскиот претседател Володимир Зеленски да земе збор. Рама, кој претседава со седницата иронично му се обрати на Небензја: „Прекинете ја војната и претседателот Зеленски нема да земе збор“.

Состанокот на Советот за безбедност на ОН во средата, кој се фокусираше на војната во Украина, беше проследен со контроверзии од Русија и Албанија.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, кој ја водеше седницата, го покани да зборува украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тоа беше првпат украинскиот претседател лично да учествува во работата на ова тело на ОН откако Москва ја започна својата агресија врз Украина во февруари 2022 година.

Но, дури и пред г-дин Зеленски да земе збор, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, и премиерот Рама, разменија остри полемики.

XS
SM
MD
LG