Линкови за пристапност

Њујорк неделава е центар на светската политика - војната во Украина главна тема на дебатата во ОН


78. Генералнo Собрание на ОН во седиштето во Њујорк.
78. Генералнo Собрание на ОН во седиштето во Њујорк.

Претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе се обрати пред своите колеги во Обединетите нации

Генералното Собрание на Обединетите нации го дели еден ден пред самиот финиш. Њујорк, каде и се наоѓа седиштето на ОН, неделава е главниот центар на светската политика.
Повеќе од 190 лидери низ целиот свет се најдоа на списокот на говорници на 78. Генерално Собрание на Обединетите нации. Секој лидер добива 15 минути за да го изнесе својот став во однос на светските прашања. Годинава главните теми на Генералното Собрание на ОН се климатските промени и војната во Украина.
Но, лидерите не добиваат само говор и медиумско внимание. Тие имаат и можност да разговараат со своите колеги низ целиот свет за сите отворени прашања. Генералното Собрание на ОН е погоден момент за лидерите да ги отворат можностите за соработки со други држави, како и за наоѓање решенија на одредени спорови.
Претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе се обрати од истата говорница на која држеше говор и американскиот претседател, Џо Бајден. Според агендата на Обединетите нации, Пендаровски треба прв да се обрати во предпладневната сесија на која има уште други 18 говорници. Неговиот говор е предвидено да почне во 9 часот наутро по американско време или во 15 часот по македонско време.

Од кабинетот на Пендаровски соопштија дека потоа тој е предвидено да има средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на кој ќе му врачи Орден.

„Претседателот Пендаровски ќе ја одликува Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија и ќе му го врачи одликувањето на генералниот секретар Гутереш. Организацијата на Обединетите нации се одликува со Орден на Република Северна Македонија за големата помош и поддршка при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес и за непроценливиот придонес за обновата на Градот Скопје, којшто прерасна во град на солидарноста и вистински симбол на пријателството меѓу народите“, се наведува во соопштението.

Светските лидери своите говори ги фокусираат на војната во Украина. Американскиот претседател Џо Бајден во своето до светските лидери апелираше да застанат зад Украина.

Не изостанаа ниту пораките за кревање на свеста во однос на климатските промени. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги предупреди светските лидери дека нема уште многу време за да се избегне еколошка катастрофа.

XS
SM
MD
LG