Овогодинешниот Преспа Форум има посебно национално и регионално значење имајќи предвид дека на 17 јуни се одбележаа пет години од потпишувањето на Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција.
Ова беше добро дизајниран Договор, и секоја страна направи вистински компромис за македонскиот идентитет и јазикот.Џозеф, експерт
„Договорот од Преспа е модел за регионот. Бев многу задоволен од Струга, многу важен настан, каде Северна Македонија, ги собра лидерите од регионот. Додека престојував таму, грчки јазик се слушаше во ресторанот, дојде голема група грчки туристи, и има зголемена интеракција меѓу Грција и Северна Македонија. Многу е подобро. Ова беше добро дизајниран Договор, и секоја страна направи вистински компромис за македонскиот идентитет и јазикот. Ова е успешен договор“, вели Едвард П. Џозеф, експерт и добар познавач на Балканот од Универзитет Џонс Хопкинс во Вашингтон.
„Верувам дека договорот од Преспа успешно го помина тестот на времето, имавме среќа да имаме двајца премиери кои ја разбраа критичната важност да се стави крај на овој долгогодишен спор. Тие, исто така, ја разбраа важноста и многуте придобивки што ќе произлезат од таков договор, политички економски, но и создавање рамка во која ќе може да се развие клима на доверба меѓу македонските и грчките граѓани“, изјави поранешниот амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, Ерван Фуере.
Меѓутоа, денес е земјата е исправена пред нов предизвик, со оглед на неизвесноста од новата фаза за приближување на Македонија кон ЕУ поради уставните измени.
Глас на Америка: Ќе успее ли Северна Македонија конечно да отвори одржливи преговори за членство во ЕУ, отворајќи го првиот кластер до крајот на оваа година?
„Тешко е да се предвиди. Многу е тешко во Парламентот да се обезбеди поддршката. Има отворено противење од опозиција. Францускиот предлог е контроверзен бидејќи, се разбира, го внесува билатералното прашање со Бугарија во рамките на ЕУ. Во преговарачката рамка, што е значаен негативен преседан за самата ЕУ. Соединетите Држави и нивните партнери од Европската Унија мора да се вклучат поактивно. Моја препорака во статија во Форин полиси минатата година е САД да го афирмираат македонскиот идентитет во рамките на Стратешкото партнерство. Партнерите од ЕУ можат да го направат тоа, а Германија усвои важна резолуција и тоа може да помогне“, вели Едвард П. Џозеф, експерт и добар познавач на Балканот од Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.
За поранешниот амбасадор на ЕУ во Скопје Ерван Фуере, Северна Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и смета дека регионот е во опасност да се дестабилизира ако не е целосно интегриран во Унијата, и тоа во скоро време.
Глас на Америка: Дали сте загрижени за напорите на Русија и другите да распоредат дезинформации за поткопување на демократијата и националната безбедност, особено во Македонија, земја со растечко руско влијание на Балканот, доколку перспективата за ЕУ, згасне?
Мислам дека ова уште повеќе ја нагласува критичната важност за што побрзо внесување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Целиот процес на проширување треба итно да се забрзаФуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Северна Македонија
„Нема сомнеж за тоа. И мислам дека самиот претходен претседател на Европската Комисија рече дека вакуумот што го остави ЕУ во изминатите години ќе го пополнат други, значи Русија, особено, и видовме немири на Косово, на пример. Нема сомнеж дека има руско влијание. И со сегашната безбедносна криза по инвазијата на Украина, овие влијанија се зголемија. Мислам дека ова уште повеќе ја нагласува критичната важност за што побрзо внесување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Целиот процес на проширување треба итно да се забрза, изјави Фуере.
Освен на надворешно-политички план, според Џозеф, но и Фуере, корупцијата во Северна Македонија е секогаш негативен елемент и го влече секој аспект од функционалноста на владата надолу, со што ја намалува довербата од јавноста.
Затоа, велат двајцата експерти, европската перспектива за реформите во судството е најдобра надеж за борба против корупцијата, за владеење на правото. Тоа е докажан пат напред, не е лек за се, при што нагласуваат - моментумот e особено важен за отворањето на овие преговори со ЕУ за Северна Македонија денес.