Линкови за пристапност

Треба да направиме привлечна агенда оти расположението за ЕУ падна, вели Маричиќ


ЕУ треба да му помогне на регионот сега, а не понатаму, да ги придвижи процесите со цел приближување кон ЕУ, рече вицепремиерот за европски прашања на Преспа форумот за дијалог
ЕУ треба да му помогне на регионот сега, а не понатаму, да ги придвижи процесите со цел приближување кон ЕУ, рече вицепремиерот за европски прашања на Преспа форумот за дијалог

Нападот на Русија врз Украина го одолжи времето за пристапување кон ЕУ, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, зборувајки на панел дискусија на тема „Проширувањето на ЕУ во трансформираната геополитичка динамика“, во рамките на Преспа форумот за дијалог.

ЕУ треба да му помогне на регионот сега, а не понатаму, да ги придвижи процесите со цел приближување кон ЕУ, рече Маричиќ.

„Македонија е европски најориентираната земја кон ЕУ. И секогаш ние имаме 90-95% од луѓето кои гледаат позитивно на приклучувањето кон ЕУ и тоа е изненадувачки и за нас. Сега тоа падна на 65 % и тоа не` натера да размислиме што е тоа што ние го правиме за да се промени ваквиот број. Ова значи дека ние треба да направиме реформирана агенда, која ќе ги привлече сите политички партии, партии кон еден дијалог и да се обединиме кон ова прашање. Сакам да го споменам она што е важно, а тоа е промената на Уставот. Ако зборуваме за тоа, секој момент е погоден да се донесе решение и да се дискутира за ова прашање во Парламентот. Не можеме да го пролонгираме решавањето на тоа прашање затоа што ние изгубивме 20 години за да го решиме прашањето со Грција и ние немаме толку време да губиме за следното. И овие прашања нема да се решат со тоа што ги одлагаме, туку ќе стануваат се поголеми и поголеми“, рече тој.

Министерот за Европа на Ирска Питер Бурк, рече дека отсекогаш како земја, се залагале за проширување на ЕУ.

„Со обединување државите не го разводнуваат својот суверенитет, туку ги зголемуваат своите можности. Грубата инвазија на Русија врз Украина, во 2022 година, само ја зајакна таа наша одлучност. Сега веќе ЕУ не е политичка филозофија, туку е и географски импертив. Брисел вели не е прашање на дали, туку како и кога ЕУ може да дејстува во овој момент и како може да ги одржи своите партнери кон пристапот во ЕУ. Како да ги засилиме реформите и покрај овие обесхрабрувачки услови. Затоа велиме во 2027 година е зголемувањето на членството и Ирска игра активна улога во таквата дебата и истовремено ветуваме дека нашите диксусии ќе се фокусираат како да го забрзаме проширувањето, а не да одовлекуваме внимание од него“, рече Бурк.

Мартин Дворжак, минисер за Европа на Чешка вели дека „голем дел од земјите членки на ЕУ, изгубија многу години, како да го вклучат Балканот и како да зборуваме за наши колеги“.

„За начинот на кој сега зборуваме за Русија и за руската агресија, дека тоа е специјална операција и тоа влијаеше не само како агресија врз Украина туку и како агрсија врз слободата и почитувањето на човековите права. Украина денес практично умира, затоа што им служи на овие вредности. Така што некои луѓе конечно разбраа дека ова е поширок напад врз нас, вклучвајчки го и Баланот и источноевропските земји и партнерства. Благодарение на сите тие работи, се направија одредени влијанија и се променија некои мислења, кои некои ги разбраа борбите кои ние ги водиме внатре. Се разбира дека ние треба да ги промениме политиките кои во моментот се спроведуваат“, вели Дворжак.

XS
SM
MD
LG