Линкови за пристапност

Западен Балкан може да изгуби до една четвртина од младите за една деценија, покажауваат нови проекции


Андрија Младенович од Центар за европски политики во Белград вели дека „постојат некои проценки дека сме изгубиле повеќе од 500.000 луѓе од 2011 година досега
Андрија Младенович од Центар за европски политики во Белград вели дека „постојат некои проценки дека сме изгубиле повеќе од 500.000 луѓе од 2011 година досега

Одливот на мозоци има значајни импликации врз шесторката од Западен Балкан и овие земји се меѓу оние кои трпат најмногу штети од одлив на мозоци, беше кажано на младинската сесија на Преспа форумот во Струга.

Според некои проекции во следната деценија, земјите од Западен Балкан, можат да изгубат меѓу една третина и една четвртина од своето население, што е многу загрижувачки.

„Според бројките во изминатите три децении, околу 9% Србија, Македонија 10%, БиХ, 20% има изгубено од населението и Албанија 37 %. Проценките велат дека регонот ќе продолжи да губи до половина од своите млади луѓе во наредната една деценија. Младинските поликтики и тенденции за емиграција се чини дека не доведуваат до итност, да почнеме да размислуваме како да ги привлечеме оние кои веќе ја напуштиле земјата како да се вратат и како да се обучат за да одговорат на пазарот на трудот во регионот“, изјави модераторката Корина Стратулат.

Марко Ѓоргиевски, директор на национална агенција за европски образовни програми вели дека одливот на мозоци има значајни импликации врз Западен Балкан.

„И овие земји се меѓу оние кои трпат најмногу штети од одливот на мозоци. Сакаме да го смениме наративот, преку промовирање на позитивен став. Можеме да покажеме дека тоа е важно за соработка и развој, наместо пораз во нашите заедници во обезбедување на можности и на нивна конкурентност на глобално ниво“, рече Ѓоргиевски.

Директорот на технолошко индустриските развојни зони Јован Деспотовски, кажа дека целта како институција е да создадат европски работни места.

„Некаде прочитав дека има некои проекции дека во следната деценија, земјите од Западен Балкан, можат да изгубат меѓу една третина и една четвртина од своето население, што е многу загрижувачки. Се чини дека сите ние треба да направиме нешто во нашите сфери на ангажман. Јас сум ангажиран во сферата е промоција на надворешни инвестиции во Македонија. Целта ни е да се созддат работни места. Сакаме да доведеме европски работни места за луѓето во Македонија. Кога настапуваме кај инвеститорите , прво нешто кое го бараме е да видиме кои се платите и кои се условите кои им ги нудат на вработените. Кога ја презедов оваа функција, имавме ситуација кога странските компании плаќаа помали плати отколку што би плаќале во други земјии Тоа е прашање на кое прво се фокусиравме“, рече Деспотовски.

Андрија Младенович од Центар за европски политики во Белград вели дека „постојат некои проценки дека сме изгубиле повеќе од 500.000 луѓе од 2011 година досега.

„Исто така имаме проблеми со депопулација на регионите во државата. Има региони во кои најмногу ја напуштаат земјата, а тоа се истите области и каде се најниски приходите. Во Центарот за европски студии сметавме дека циркуларната миграција може да биде одржливо политичко решение за проблемите со кои се соочуваме во нашите земји. И затоа се одлучивме да ја започнеме иницијативата циркуларна миграција, наместо депопулација“.

„Знаеме дека имаме проблеми со вешти луѓе кои ни заминуваат во европските земји и тоа е нешто што го гледаме. Но тоа на кое не се осврнуваме, а тоа е оној дел кој го имаме од сантата мраз, и тоа кое постои таму е корупција, луѓето и граѓаните кои не веруваат во јавните институции, имаме политичка нестабилност, недостаток на прилики. Ова се конкретни проблеми со кои се соочува нашиот регион. И за да се осврнеме на проблемот со одливот на мозоци, треба на овие прашања да се осврнеме“, вели Бленди Ходаи, поранешен средношколски лидер.

XS
SM
MD
LG