Линкови за пристапност

Абазовиќ: За дијалогот нема алтернатива


На крајот, мораме да седнеме на маса, односно страните ќе мора да седнат на маса и да најдат некое одржливо и конечно решение, вели црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ за сосотојбата во Косово, во кусиот разговор за Гласот на Америка
На крајот, мораме да седнеме на маса, односно страните ќе мора да седнат на маса и да најдат некое одржливо и конечно решение, вели црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ за сосотојбата во Косово, во кусиот разговор за Гласот на Америка

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на маргините на Преспа форумот, во Струга, за Гласот на Америка зборуваше и за ефектот на „неодлучноста“ на ЕУ за прием на нови членки

Глас на Америка на македонски: Како ја оценувате актуелната безбедносна состојба на Западен Балкан, со оглед на актуелниот спор меѓу Србија и Косово?

Дритан Абазовиќ: И овој Преспа форум го искористивме за бројни билатерални средби. Имав состанок и со премиерот на Косово, Курти. Се надевам дека се оди кон деескалација на ситуацијата и само една порака е важна, а тоа дека дијалогот нема алтернатива. Како и да биде на крајот, мораме да седнеме на маса, односно страните ќе мора да седнат на маса и да најдат некое одржливо и конечно

Имав состанок и со премиерот на Косово, Курти. Се надевам дека се оди кон деескалација на ситуацијата и само една порака е важна, а тоа дека дијалогот нема алтернатива

решение. Насилството не е прифатливо во 21-от век и јас апелирам до сите да се воздржиме од тешки зборови и некои работи кои би можеле да нè вратат назад во процесот. Она што Црна Гора и Владата на Црна Гора го нуди, како пријателски чин, како земја која има добри односи и со Косово и со Србија, доколку тие сметаат дека ние, како земја која е пријателска, можеме да дадеме логистичка поддршка за заеднички состанок, кај нас, ние сме повеќе од расположени да го организираме, се разбира во соработка со ЕУ и САД.

Глас на Америка на македонски: Како ова отворено прашање помеѓу Србија и Косово во моментот се одразува на регионот?

Мислам дека е многу грдо да видиме сцени слични на оние од 1990-те години. Сè што ние сакаме и сè што треба да правиме како политички раководства е да понудиме некоја нова визија

Дритан Абазовиќ: Јас ги почитувам ставовите кои се слушнаа, некои велат дека ова не е само прашање помеѓу Косово и Србија, туку е прашање и на регионот. Ако е прашање на регионот, тогаш е прашање за сите нас, на сите шест држави. И во тој контекст мора сите да преземеме одговорност за тоа што се случува или не се случува. Мислам дека е многу грдо да видиме сцени слични на оние од 1990-те години. Сè што ние сакаме и сè што треба да правиме како политички раководства е да понудиме некоја нова визија, да го немаме тоа dejavu од она што беше порано, а што не беше пријатно, туку напротив, со една нова визија да им понудиме на граѓаните повеќе европски дух и желба да се направат некои добри работи за регионот. Да одиме во 2030 година, а не во 1999 или во 2000.

Глас на Америка на македонски: Реални ли се најавите и очекувањата на македонскиот премиер дека до 2030-та година, регионот би можел да влезе во ЕУ?

Интервју со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:45 0:00

Дритан Абазовиќ: Го поддржувам таквиот став со тоа што мислам дека навистина Црна Гора е идеална држава да го оживее процесот на проширување. Ние веруваме дека во следниот мандат до 2027 година ќе можеме да ги завршиме сите наши обврски. Секако дека тоа е политичка одлука, дали тие ќе примаат некого или не. Но се` она што е до нас, веруваме дека ние можеме да го завршиме во периодот, можеби и пократко, од четири години. И ако постои држава која е идеална, која нема никакви проблеми со соседите, нема некоја голема економија, за да некој ја гледа како конкуренција, нема ниту голема популација, Црна Гора има 620.000 жители, мислам дека и ЕУ би требала конечно да направи еден потег. Нивната неодлучност, понекогаш е демотивирачка. за регионот. Се надевам дека работите ќе се променат наредниот период.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG