Линкови за пристапност

Курти за ситуацијата на Косово: „Нема да предадам демократска република на фашистички милиции“


Нема да потклекнеме соочувајќи се со овие криминалци за кои утврдивме дека стрелаа врз НАТО војници, косовски полицајци и новинари, изјави Курти.
Нема да потклекнеме соочувајќи се со овие криминалци за кои утврдивме дека стрелаа врз НАТО војници, косовски полицајци и новинари, изјави Курти.

„Проблематично време“ – така косовскиот премиер ја нарекува ситуацијата меѓу Белград и Приштина и тензиите во последниот период кои не само што не се смируваат, туку и се заоструваат.

Албин Курти за односите меѓу Косово - Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Албин Курти, зборувајќи на Преспа форумот што годинава се одржува во Струга, повтори дека е подготвен да се оди на предвремени локални избори на северот на Косово. Но, за тоа да се случи, како што вели, треба да се исполнат неколку услови како нормализирање на состојбата, враќање на мирот и владеењето на правото.

Сакам Србите да ги имаат сите права, ќе ги слушам нивните барања, но нема да го компензирам официјален Белград за загубите нанесени на Србија поради геноцидниот режим на Милошевиќ.
Курти, премиер на Косово

„Нема да предадам демократска република на фашистички милиции, на насилни националисти, на криминални банди. Нема да потклекнеме соочувајќи се со овие криминалци за кои утврдивме дека стрелаа врз НАТО војници, косовски полицајци и новинари. Тие треба да се соочат со правдата. Не ги изедначувам насилните протести на северот со српската заедница. Имам министер од српската заедница во мојата влада. Сакам Србите да ги имаат сите права, ќе ги слушам нивните барања, но нема да го компензирам официјален Белград за загубите нанесени на Србија поради геноцидниот режим на Милошевиќ. Тоа е сосема друга работа.“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.

Курти уверува дека тој е кооперативниот во приказната иако и Вашингтон и Брисел неговите одлуки ги оценија како избрзани и како чекори кои не придонесуваат за враќање на мирот и стабилноста. Косовскиот премиер вината ја вперува кон Белград, вклучувајќи го и последниот инцидент во кој српските безбедносни сили уапсија тројца косовски полицајци тврдејќи дека влегле на територијата на Србија.

„Пред два дена 3 полицајци беа грабнати од страна на специјални воени и полициски единици на Србија. Додека зборуваме тие се соочуваат со српски судови. Наводно обвинител го повлекол обвинението за тероризам против нив и тие сега се теретат за незаконско поседување оружје. Тие беа грабнати 1 километар на територијата на Косово, тие беа во акција да спречат шверц на роба. Сите поранешни југословенски република прогласија независност и тоа беше независност од Белград. Сега ни треба Србија да прогласи независност од Косово, од Северна Македонија, од Хрватска, од Словенија, од Црна Гора, зашто Србија де-јуре ја признава нивната независност, но тоа не го прави де-факто. Сега сме во проблематично време.“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.

На критиките на западните сојузници дека во последниот период имаат проблем со него, одговорот на Курти е дека тој верува во трансатлантското партнерство и во ЕУ како најважен мировен проект и дека неговата намера е да ги одбрани европските вредности.

Ставот и на Вашингтон и на Брисел е јасен – дека дијалогот што го води ЕУ е единствениот пат напред, дека двете страни треба да се придржуваат до договореното и да го имплементираат својот дел од обврските за нормализирање на односите.

XS
SM
MD
LG