Линкови за пристапност

Треба вистински политички актери да се решат конфликтите, вели Шекеринска


Големата лекција која ја извлековме од Преспанскот договор е дека не избравме политичари да ни служат како скапи огледала, туку очекувате од политичарите да погледнат и зад она што е моменталното расположение во земјата, рече таа
Големата лекција која ја извлековме од Преспанскот договор е дека не избравме политичари да ни служат како скапи огледала, туку очекувате од политичарите да погледнат и зад она што е моменталното расположение во земјата, рече таа

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска рече дека во овој момент е тешко да се гледа во иднината не само во однос на Преспанскиот договор туку и во однос на проширувањето на европското семејство до 2030 година.

Зборувајки на панел дискусијата насловена како „Патот до Преспа научени лекции и перспективи во рамките на Преспа форумот за дијалог во Струга“, таа рече дека оние отворени прашања и проблеми кои постојат меѓу Македонија и Грција, не се целосно решени со Преспанскиот договор.

„Но двете страни се согласија да се согласат за се` она што е изводливо и да остават неколку работи со стратешка нејасност кои постојат во сите вакви догоори. И верувам дека тоа беше паметна стратегија“, рече Шекеринска.

Главната цел на решавање на замрзнатите конфликти е да се најдат вистинските политички актери кои сакаат да го поместат статус квото.

„Кога дискутираме за проблемте со Бугарија, многумина велат дека проблемите со Бугарија се потешки од оние кои сме ги имале со Грција. Но јас не се согласувам со тоа. Затоа што пред 20, 30, или 5 години, ова изгледаше како невозможен проблем за решавање. Големата лекција која ја извлековме од Преспанскот договор е дека не избравме политичари да ни служат како скапи огледала, туку очекувате од политичарите да погледнат и зад она што е моменталното расположение во земјата. Се надеваме со поглед кон иднината“, вели таа.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека Западен Балкан нема алтернатива освен членство во ЕУ.

„Бидејќи ние сме сведоци дека тука се судруваат и многу мечови и сабји од истокот и секое влијание освен сонцето ниту едно друго влијание не е полезно за нас и затоа не случајно, високи кругови се заинтересирани Македонија да не биде мирна и нестабилна, да се креира несигурност, бидјеки секој лош развој во Северна Македонија, може да има имликации и во државите со кои граничиме“, рече Ахмети.

Тој се осврна и на уставните измени и потребата од внесувањето на Бугарите во Уставот. Сите политички партии барем деклартивно се на страната на ЕУ, но практично има и од тие што тактизираат

„Секео тактизирање што во случајот го прави ВМРО ДПМНЕ за дневно политички цели, не му служи ниту на ВМРО ДПМНЕ. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да води политика со двојни стандарди, дење сум за владеење на правото и зачленување на државата во ЕУ, а ноќе кокетира и гради политики кои не го фаворизираат решението на проблемите“, вели Ахмети.

И покрај најавите во Струга нема ниту еден висок политички претставник на САД.

Не дојде Габриел Ескобар, специјален пратеник на САД за Западен Балкан, како и Филип Рикер и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Видеобраќање ќе има само претседателот на Европскот совет Шарл Мишел.

Од Министерството за надворешни работи засега нема објаснување за причините за нивното отуство.

XS
SM
MD
LG