Линкови за пристапност

 
Некои загинати, некои на фронтот, некои пребегани: Цели села и градови во Украина останале без мажи

Некои загинати, некои на фронтот, некои пребегани: Цели села и градови во Украина останале без мажи


Спомениците на паднатите војници се наредени на главниот плоштад во Макив, еден од бројните помали градови во Украина што е речиси испразнет. (Screenshot)
Спомениците на паднатите војници се наредени на главниот плоштад во Макив, еден од бројните помали градови во Украина што е речиси испразнет. (Screenshot)

Во Макив, град во западна Украина, недостасуваат мажи. Многумина или побегнаа или се борат или, пак, загинаа борејќи се против руската инвазија. Тоа е слика во многу градови и села во Украина. Војната го разниша составот на населението во земјата.

Спомениците на паднатите војници се наредени на главниот плоштад во Макив. Фотографиите ги доловуваат нивните лица во посреќни времиња. Над нив, слоган кој стана една од дефинирачките мантри на оваа војна: „Слава на хероите“.

Макив е на повеќе од 600 километри од првите борбени линии. Сепак, неколку места толку сликовито го илустрираат длабокото влијание на оваа војна. Овде, мажи на воена возраст постојат само на фотографии - или во осамените гробови на гробиштата во градот. Другите ги нема.

„Погледнете! Каде е народот? Луѓето се кријат, исплашени се“, вели возачот Алекс Хамовски, кој живее во Германија повеќе од 30 години.

Се вратил во родниот град за првпат од почетокот на војната за да ги обнови документите – открил дека сите негови пријатели и роднини ги нема.

„Тоа е трагедија“, вели Хамовски.

Хамовски вели дека многу од луѓето кои се на возраст кои можат да се борат се кријат низ селата за да одбегнат да бидат пратени на првите борбени жаришта. На улиците на Макив на почетокот на февруари, повеќето од луѓето што ги сретна Гласот на Америка беа жени. Многумина рекоа дека со заминувањето на мажите, животот станал многу потежок.

Младите ги нема, на улиците само стари лица

„Јас сум стара жена, имам над 70 години. Се разбира, ова е поголем проблем за помладите жени – оние што останале со деца. Ако мажот е дома, тој не е само што ќе ги заштити, туку и ќе им обезбеди нешто. Тој помага во сè, особено од финансиски аспект“, посочува Неолина Коваленко, пензионирана наставничка.

Немам другарки, немам пријатели, речиси целото мое семејство го напушти градот
Анџелина Бондар, 15-годишна Украинка

Многу села и градови низ западна Украина се борат со отсуството на мажи. Но, Макив е и одраз на поголема демографска криза која веќе ја преобликуваше Украина пред војната. Владата вели дека населението на земјата е намалено од 52 милиони во 1991 година на само 32 милиони во 2024 година.

„Овој факт многу ме плаши. Толку многу луѓе заминаа со своите семејства и тоа промени сè. Самата земја се промени многу. Тажно е бидејќи многу луѓе ги нема – немам другарки, немам пријатели, речиси целото мое семејство го напушти градот. Едноставно речено... тажно“, вели Анџелина Бондар, која има само 15 години.

Еден од нејзините соседи загинал во војната. Некои сѐ уште се борат. Многу нејзини пријатели си заминале уште пред да пораснат. Таа знае дека еден ден ќе зависи од нејзината генерација за обнова на Украина. Едноставно не е сигурна дека е подготвена да се соочи со тој предизвик.

XS
SM
MD
LG