Владата нема да го прифати предлогот на Фискалниот совет да се оди во пензија со 67 години и ќе бара друг начин да го стабилизира ПИОМ. Синдикатот смета дека решение е вработување на младите како единствен начин да се полни касата на Фондот.
Музејот на градот Њујорк отвори изложба со дела направени од слатки од ѓумбир. Изработката на украсни куќички од ѓумбир е божиќна традиција во неколку земји. Но, Mузејот во Њујорк отиде чекор подалеку. Известува Арон Ранен.
Украинското Јавно обвинителство документирало повеќе од 150.000 наводни воени злосторства извршени од руските сили во Украина. Овој број продолжува да расте. Се евидентираат напади врз цивили, инфраструктура, тортура, сексуално насилство. Известува Катерина Беседина.
Земјите ширум светот се подготвуваат за економски пресврт бидејќи идниот американски претседател Доналд Трамп се заканува со огромни царини, особено за Кина. Несигурноста ги остави владите и бизнисите да се борат со тоа како да одговорат. Известува Бил Гало од Сеул, Јужна Кореја.
Вчитај повеќе