За спрегата Србија – Косово, која се смета за една од најнеизвесните од безбедносен аспект во балканскиот регион, не се исклучува можноста да се појави предлог за размена на територии, под влијание на новата администрација во САД, смета професорот Хаџи Јанев.
Подобрување на наплата на даноците и намалување на јавни расходи, зголемување на данокот на добивка, зголемување на акцизи на алкохол и цигари се дел од препораките на Светска Банка.
Русија го загуби главниот сојузник на Блискиот исток со падот на Башар Ал-Асад, сметаат аналитичари. Кремљ беше клучен поддржувач на Асад во бруталните обиди неговата влада да ги победи бунтовниците, а тоа може да ѝ отежне на Москва да ја врати својата позиција во Сирија. Известува Рикардо Маркина
Во Македонија малку сме конзервативни и ригидни кога се работи за нови технологии, вели Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопанските комори на Македонија во разговор на тема „Криптовалути“. Вели дека има предвидувања биткоинот за пет години да достигне вредност и до еден милион долари
Вчитај повеќе