Линкови за пристапност

САД и Кина потпишаа пет годишен ревидиран договор за научна и технолошка соработка


Договорот, познат, како СТА, прв пат е потпишан во 1979 година од тогашниот претседател Џими Картер и кинескиот лидер Денг Ксијаопинг.
Договорот, познат, како СТА, прв пат е потпишан во 1979 година од тогашниот претседател Џими Картер и кинескиот лидер Денг Ксијаопинг.

Соединетите Американски Држави и Кина во петокот потпишаа протокол за измена на билатералниот договор за наука и технологија и негово продолжување на пет години, соопшти Стејт департментот.

Договорот, познат, како СТА, прв пат е потпишан во 1979 година од тогашниот претседател Џими Картер и кинескиот лидер Денг Ксијаопинг и им за цел да ја олесни соработката во области како што се земјоделството, енергијата, вселената, здравјето, животната средина, науките за земјата, инженерството и образовните и научните размени.

Изменетиот договор, за кој американските официјални лица рекоа дека ги исклучува „критичните или новите технологии“, стапи во сила ретроактивно од 27 август за петгодишен мандат и беше потпишан во Пекинг од претставници од двете земји.

Висок претставник на Стејт департментот им рече на новинарите дека новиот договор го стеснува опсегот на претходниот договор и воведува „заштитни огради“ за да се обезбеди „реципроцитет, транспарентност и отвореност“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, им рече на новинарите во февруари дека природата на научната и технолошката размена и соработка меѓу двете земји е „заемно корисна и победничка“.

Научната и технолошката соработка на САД и Кина се соочува со критики и покрена загриженост за безбедноста во текот на годините, при што критичарите тврдат дека тоа би можело да ги зајакне воените способности на Пекинг. Од своето основање, СТА се обновува приближно на секои пет години.

Во август 2023 година, му беше одобрено продолжување од шест месеци, што беше проследено со уште едно во февруари 2024 година, за одржување на договорот додека САД преговараа за изменет договор.

Краткорочните продолжувања се случија во услови на проверка од неколку членови на Конгресот, кои тврдеа дека Кина претходно го искористила договорот за да ги унапреди воените цели против САД.

XS
SM
MD
LG