Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави нови поригорозни мерки доколку трговците ги качат цените додека претседателот на ССМ Слободан Трендафилов ги обвини трговците за алчност.
Наместо на работа во Русија, Индиец од Кашмир завршил на фронтот во Украина. Вели дека бил измамен да работи за руската војска и да копа ровови. Пред камерата на Гласот на Америка раскажува за патешествието низ кое поминал со уште неколку лица што не биле Руси. Известува Мухет Ул Ислам.
Дали македонските граѓани ќе ја тужат државата за загадениот воздух? Со неодамнешната одлука, Врховниот суд ја задолжи државата да обезбеди чист воздух и здрава животна средина. Во спротивно граѓаните можат да тужат и полесно да стигнат до правда. Известува Мики Трајковски
Менувањето на времето - од летно во зимско - најмногу влијае на работниците во градежниот сектор и угостителството, но и врз учениците. Психолозите велат потребни се најмалку три недели за да се прилагодиме на новото време
Амнестираниот член на криминалната група „Барон“ утрово пуштен од затворот „Идризово“ и веднаш уапсен под сомнение дека пред десетина дена пукал во ривал од друга криминална група.
Вчитај повеќе