Линкови за пристапност

 
Затворената иранска лауреатка на Нобеловата награда за мир осудена на нови шест месеци затвор

Затворената иранска лауреатка на Нобеловата награда за мир осудена на нови шест месеци затвор


Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (АП) - Иранските власти издадоа дополнителна затворска казна од шест месеци против лауреатката на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади.

Коалицијата „Слобода за Наргес“ во четвртокот објави дека Мохамади е осудена на 19 октомври на дополнителни шест месеци затвор под обвинение за „непослушност и отпор на наредбите“.

Според соопштението, обвинението е покренато откако Мохамади организирала протест против егзекуцијата на друг политички затвореник во женското одделение во затворот Евин на 6 август.

Мохамади е 19-та жена што ја доби Нобеловата награда за мир и втората Иранка, по активистката за човекови права Ширин Ебади во 2003 година.

Мохамади (52) продолжи со својот активизам и покрај бројните апсења од иранските власти и годините зад решетки.

Таа е задржана во озлогласениот ирански затвор Евин, во кој се сместени политички затвореници и оние со западни врски. Таа веќе издржуваше 30-месечна казна, на која во јануари беа додадени уште 15 месеци.

XS
SM
MD
LG