Линкови за пристапност

Наместо на работа во Русија, Индиец од Кашмир завршил на фронтот во Украина


Наместо на работа во Русија, Индиец од Кашмир завршил на фронтот во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Наместо на работа во Русија, Индиец од Кашмир завршил на фронтот во Украина. Вели дека бил измамен да работи за руската војска и да копа ровови. Пред камерата на Гласот на Америка раскажува за патешествието низ кое поминал со уште неколку лица што не биле Руси. Известува Мухет Ул Ислам.

Осум месеци, 32-годишниот Азад Јусуф Кумар од Кашмир очајно копнеел да се врати дома додека работел за руската армија во војната против Украина.

Тој вели дека бил измамен за работното место откако одговорил на он-лајн оглас за работа како помошник за обезбедување во Москва. Потпишал договор на руски јазик без превод.

Три дена по пристигнувањето во Москва, Кумар вели дека заедно со уште шест индиски државјани биле транспортирани на непозната локација, им биле дадени руски воени униформи и пратени на воена обука.

„Бев повреден во првата недела на обуката, и подоцна бев хоспитализиран. По закрепнувањето, ги побарав моите сограѓани и дознав дека се испратени во воената зона заедно со некои Египќани и Непалци“, вели Кумар.

Кумар додава дека додека работел со руските сили, копал ровови и градел импровизирани бункери во источна и јужна Украина. Вели, работел континуирано со денови без доволно храна или вода.

„Немам зборови да го опишам страдањето. Нашиот единствен мотив беше да останеме живи и да се вратиме дома“, вели Кумар.

На другата страна од светот, семејството на Кумар стравуваше од најлошо, откако дозна за тешкотиите и опасности со кои се соочувал. Го контактирале Министерството за надворешни работи и Парламентот за помош.

Индискиот премиер Нарендра Моди ја посети Русија и наводно разговарал за ова прашање со рускиот претседател Владимир Путин.

„Моди го посети двапати и тоа го олесни неговото враќање. Апелиравме до властите редовно да помагаат. За среќа, повеќето од нив, кои биле измамени, сега се дома по долго чекање. Сите сме среќни“, вели Раџа Бегум, мајката на Кумар.

Кумар вели дека успеал да преживее со тоа што одбил да научи да зборува руски, додека тие кои навистина го научиле јазикот биле испратени во првите редови со руските сили.

Кумар и уште 34 Индијци се вратија дома. Но, вели дека многу други се уште се таму, и ја повика Владата да им помогне.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG