Не можеме ништо да направиме сами за миграцијата, рече Спасовски

Клучната активност и натаму на нашиот пат кон одржливото управување со миграциите во Западен Балкан, претставува напредокот во меѓународната и регионалната соработка и зацврсетена меѓународна доверба, рече министерот за внатрешни работи на Преспа форум за дијалог во Струга

И во годините кои престојат, еден од најголемите предизици со кои регионот и светот ќе се соочуаат се миграционите текови, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на панел дискусијата на тема „Управување со миграцијата- ЕУ-Западен Балкан, солидарност и заеднички обврски“, на третиот Преспа форум за дијалог кој се одржува во Струга.

„Прашањето околу миграциските политики односно предизвиците кои миграцијата ги носи особено после настаните од 2015 година, кои ги почуствувавме сите ние, несомнено и во годните пред нас ќе бидат една од приоритетните теми на општествено политичките агенди, бидејки е еден од најголемите предизвици со кои ќе се соочува светот на подолг временски период. Не само што од нашето непосредно соседство стигнуваа и најголем дел од мигрантите, туку поради и фактот што регионите од каде се случи најсилниот миграциски бран, Блискиот и Средниот Исток, надополнето со инвазијата на Русија врз Украина и денес се далеку од реална стабилизација. Клучната активност и натаму на нашиот пат кон одржливото управување со миграциите во Западен Балкан, претставува напредокот во меѓународната и регионалната соработка, зацврсетена меѓународна доверба, засилена размена на податоци и информации, која што е најдобар показател да го направиме безбедносниост амбиент да биде уште поповолен. Сега сите страни, сите организации на миграцијата гледаат како на европски предизвик, кој бара и европски одговор. И тоа е најважната работа што се случи во овој период, да разбереме сите дека не можеме ништо да направиме самостојни. Справувањето со последиците со миграцијата е можно само ако имаме заедничка политика“, рече Спасовски.

Ејми Поуп, генерален директор на меѓународната организација за миграција, рече дека миграционите процеси не може да ги реши само една држава самостојно.

„Ние навистина треба да знаеме како да се справиме со миграциите, како да ги најдеме придобивките од миграциите и да препознаеме што ги мотивира луѓето да влегуваат во миграциите и директно да се справуваме, затоа што треба да обезбедиме одредени придобивки од сето тоа и да видиме како тоа ќе го решиме понатака. Да видиме како сето тоа ќе го ставиме во политики, како ќе започнеме да се справуваме со сите работи во пракса. Кога зборуваме за миграции не може тоа да го реши само една држава, и тука треба да бидат повеќе држави. И тогаш ќе мора да знаеме да се поврземе и да знаеме каков ќе биде заедничкиот резулатот за да имаме глобално влијание врз миграциите“, рече Поуп.

На панел сесијата учество зеде и министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Зоран Нешич.

„Управувањето со миграционите текови и понатаму претставува голем безбедносен и хуман предизвик со кои се соочува не само БиХ, туку и целиот регион. Иако миграциооната криза е позади нас, трендовите покажуваат дека приливот на мигранти во БиХ и во натамошниот период нема да сопре“, вели Нешич.