Глас на Америка: Вицепремиере, Вие сте задолжени за економското портфолио, но истовремено сте и потпретседател на главната владејачка партија, СДСМ. На што укажаа американски домаќини, во Одделот за трговија, Одделот за финансии, Светската банка, ММФ, но и Стејт департментот?
Your browser doesn’t support HTML5
Фатмир Битиќи: Сите до еден не поддржуваат на патот кон европските интеграции. Сите имаат иста констатација дека Северна Македонија го заслужува местото во ЕУ и не денеска, туку многу порано. На нашите напори кон ЕУ, овде во Вашингтон, се гледа како голем исчекор наспроти другите земји на Западен Балкан.
Глас на Америка: Корупцијата ги одвраќа не само странските туку и домашните инвеститори. Со оглед дека сте задолжен за економијата, измените на кривичниот законик доаѓаат во период кога Северна Македонија е под силни критики од САД и ЕУ за неказнивост, неефикасна и неуспешна борба против корупцијата и отсуство на владеење на правото. Невладиниот сектор е со жестоки реакции и барање измените да се повлечат бидејќи не помагаат во борбата против корупцијата Каква е вашата реакција?
Јас сум еден од луѓето кои што цело време вели дека ние мораме во нашата земја, еднаш, засекогаш, колективната одговорност ја замениме со лична одговорност.Битиќи, вицепремиер
Фатмир Битиќи: Ова беше една од темите на разговорите и бројните состаноци. Сметам дека тоа што е воведено со последните измени на кривичниот законик не е дека нема да има казнивост. Сметам дека опфатот на казнивост е многу поголем од што било претходно. Но, вообичаено кај нас никој не сака да ја чита целата содржина на измените и целокупната суштина на измените. На пример, таму има еден сегмент кој што воопшто го немаше претходно, а тоа е сегментот на опфатот на конфискација на имот. Сметам дека тоа е нужен процес, кога мора да покажеме дека казнивост не може да биде на еден или пет или 10 луѓе од највисоките функции, туку таа казнивост мора да се распространи кај сите што имаат лична одговорност за тоа што го имаат направено. Јас сум еден од луѓето кои што цело време вели дека ние мораме во нашата земја, еднаш, засекогаш, колективната одговорност да ја замениме со лична одговорност. Доволно беше 32 години сите да се кријат зад колективната одговорност и никој да не одговара лично за тоа што го има направено. Компромис со луѓе кои се одговорни за состојбите во нашата земја не треба да се прави без разлика која е цената.
Глас на Америка: Oд сите предизвици кои претстојат за Северна Македонија, Вашингтон, јасно да издвои еден – владеење на правото?
Фатмир Битиќи: Апсолутно, да. Тоа е императив, тоа е еден до предизвиците кои што јас лично и моите колеги се бориме. Кога имате „заробена држава“, не се можни резултати во брзо време, да се вратите во јасните начела на владеењето на правото. Тоа е процес кој што трае. Ако денес се оценуваме кај сме, и кај бевме пред шест години, далеку сме подобри. Но, дали сме таму каде што сите заслужуваме да бидеме, се уште сме далеку.
Глас на Америка: Доаѓате во Вашингтон во време, кога дома во Северна Македонија, Владата чиј дел сте и вие, е под силни критики дека соодветно не се справувате со ефектите од економската криза, и ценовниот пораст?
Фатмир Битиќи: Имаме отворен дијалог со сите чинители во општеството. Истата констатација доаѓаше и во време на Ковид. И по една година, од меѓународните финансиски институции ни дадоа пофалби за тоа што сме направиле со економската криза. Сега е исто. Ние преземаме мерки. Кога е нужно во пазарната економија, оние кои се чинители, а тоа се стопанствениците кога ќе почнат да се однесуваат неетички, а се уште ги немаме законските можности за казнивоста да биде поголема, ние, мора да излеземе од начелата на пазарната економија и да воведеме мерки.
Глас на Америка: Владата најави замрзнување на цените на прехрамбените производи за да го запре ценовното цунами од 46 проценти пораст, наспроти европските 11 проценти. Опозицијата смета дека ова е нужен, но задоцнет потег. Економијата забавува, инфлацијата тешко се скротува - кои се неопходните чекори?
Не можете да скротите нешто како инфлацијата која е увезена. Лани во октомври имавме 18% инфлација, за една година ја намаливме двојно. Сега сме под осум отсто.Битиќи, вицепремиер
Фатмир Битиќи: Сметам дека различно гледаме со различни очила. Се обидувам да бидам оптимист и реален. Доаѓам од бизнис секторот сум бил од другата страна, сум бил во граѓанскиот сектор. Сметам дека мерките се носат соодветно. Не можете да скротите нешто како инфлацијата која е увезена. Лани во октомври имавме 18% инфлација, за една година ја намаливме двојно. Сега сме под осум отсто.
Глас на Америка: Да се префрлиме, накусо, на најакутниот предизвик за Македонија. Како мислите да ја надминете блокадата за уставните измени и ако не успеете - кој е планот Б?
Фатмир Битиќи: Северна Македонија нема план Б. Единствен план е интеграција во ЕУ. Подобро порано, отколку покасно. Се надевам дека сите чинители, сите партии ќе се освестат, дека со евентуална техничка измена во Уставот, не ја губиме битката кон одредени наши соседи.
Глас на Америка: Дали излез се предвремени избори?
За сите други кои што сакаат да имаат предвремени избори, треба да кажат - Дали ЕУ е императив за нив, или имаат замена и план Б.Битиќи, вицепремиер
Фатмир Битиќи: Тоа е можна опција ако се има јасна слика, тие кои што учествуваат во предвремените избори да имаат јасен план. За нас, како владејачка партија, како една од најголемите партии во државата, планот е јасен – европски интеграции немаат замена. А, за сите други кои што сакаат да имаат предвремени избори, треба да кажат - Дали ЕУ е императив за нив, или имаат замена и план Б. Но, планот мора да биде јасен, пред да се оди на избори, инаку изборите нема да имаат никаква логика.