Премиерот е дециден дека со измените ќе се постигне поголема ефикасност во судските процеси и ќе се подобри конфискацијата на нелегално стекнатиот имот. Уставните измени се посебен процес од стратешко значење кој не е поврзан со измените во Кривичнито законик тврди Ковачевски
СКОПЈЕ- Измени во Кривичниот законик во замена за гласови за измени на Уставот се шпекулација, нема никаков пазар туку усогласување со европското законодавство. Со измените во Кривичниот законик ќе има многу поголема ефикасност и ефективност во правосудството и судските процеси, ќе се избегне можноста за застарување наделото и ќе се отгвори врата кон конфискација на имот стекнат со нелегални средства, тврди премиерот Димитар Ковачевски
„ Промените кои беа излгасани е усогласување со ЕУ директивата 42 од 2014 година во која се предвидува проширена конфискација во дела кои се казниви согласно Кривичнито законик. Има измени во еден одшт член, член 353 кој многу се експлоатира во јавноста. Ова е во насока на зголемување на ефикасност и ефективноста, зголемување на бројот на казниви дела и фреквенција на казните а не само на должината на казните во правосудниот систем бидејќи што вреди ако 100 луѓе направиле злоупотреба а само еден е казнет. Ние не можеме да градиме правосуден систем врз основа на законски одредби од 19 век и комунистички режим“, изјави премиерот Ковачевски.
Со измените не е предвидена ниту амнестија ниту помилување.
„ Ова не значи никакво помилување или амнестија за никого. Тоа го потврди и претседателот Пендаровски кој е правник.Измените се конкретизација на кривичните дела кои некој ги направил. Има конкретно дело во Кривичниот законик - казнивост за злоупотреба при организирање на јавни набавки. Во минатото сите услови се водеа под општ член злоупотреба на службена положба. Сега се конкретизира што точно лицето направило. Казната е побрза и следува проширена конфискација. Постапките траат со години, притворите траат со години. Граѓаните се прашуваа каде е конфискацијата. Овие измени се токму за тоа. Никаде во законот нема амнестија“, тврди Ковачевски.
Отварањето на Уставот е друг процес кој е одговорност на овој пратенички состав и не станува збор за никаков пазар.
„ Ако беше некаов пазар а не е, тогаш на друг начин ќе се одвиваше целата постапка. Сите се согласни во едно, државата мора да го усогласи законодавството со ЕУ и ова е чекор кон усогласување во делот на Кривичниото законик. Пратениците во Собранието одлучуваат согласно мандатот кој го имаат добиено и сметам дека главната одлука која овој состав ја има е давање на глас за Европа и продолување на евроинтеграцискиот пат на државата. Процесот го почнавме и беше поздравен од сите стратешки партнети од САД и ЕУ“, рече Ковачевски.
Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на прашањето дали новите измени во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на функцијата и за злосторничко криминално здружување ќе ги отежнат напорите на САД да помогнат во борбата против корупцијата во државата.
„Ја охрабруваме Северна Македонија да ги исполни нејзините ветувања за борба против корупцијата. Лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи, антикорупциски резултати преку зајакнување на институционалната независност и спречување на политичкото мешање, особено во судствотото, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата“, велат до Стејт департментот.
Собранието завчера со европско знаменце и во брза постапка ги помина измените на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција, а претседателот Стево Пендаровски вчера го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.