Линкови за пристапност

Зошто Унгарија ги засилува релациите со Русија и Кина?


Зошто Унгарија ги засилува релациите со Русија и Кина?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:41 0:00

Додека многу западни земји ги прекинаа економските врски со Русија по инвазијата врз Украина, Унгарија продолжи да купува милијарди долари руска нафта и гас. Таа, исто така, се обиде да ги зајакне врските со Пекинг. Од Будимпешта известува Хенри Риџвел.

Нафтоводот „Пријателство“ носи руска нафта во рафинерија на периферијата на Будимпешта. Европската Унија го забрани увозот на руска нафта по нејзината целосна инвазија на Украина.
Но, Унгарија бараше изземање, тврдејќи дека не може да го ди вер зи фицира снабдувањето - и сега е најголемиот енергетски клиент на Москва во ЕУ, купувајќи нафта за 343 милиони долари само во јануари.

Русија гради и нова нуклеарна централа во Унгарија. Киев вели дека Русија ги троши своите приходи од енергија на оружје за да убива Украинци.

Но, унгарскиот премиер Виктор Орбан ги отфрла повиците за прекин на економските врски со Москва.

„Стратегијата на Брисел за Украина драматично пропадна. Не само на бојното поле, каде ситуацијата е катастрофална, туку и во меѓународната политика. Залудно зборуваме дека оваа војна е братска војна на два словенски народа, а не наша“, рече Орбан.

Орбан ги критикуваше санкциите на ЕУ кон Русија, ја блокираше европската помош за Украина и го одложи ратификувањето на приемот на Шведска во НАТО.

Тој ја направи Унгарија отфрлена од Европа, вели аналитичарот Петер Креко.

„Никој не отишол толку далеку во уривањето на демократските институции, свртување против западниот систем на институции и негувањето односи со Русија и Кина“, смета Креко.

Кина финансира брза железница од Будимпешта до српскиот главен град Белград вредна 3,8 милијарди долари - главен проект на нејзината иницијатива „Појас и пат“.
Унгарија беше меѓу најголемите светски приматели на кинески инвестиции во рамките на програмата во 2022 година.

„Постојат произволно дизајнирани и брзо усвоени регулативи од парламентот за да се спречи каков било увид или надзор во и над руската инвестиција во нуклеарната централа или кинеската инвестиција во железничката пруга што се развива од Белград до Будимпешта. Тие се големи инвестиции. Во унгарски контекст овие се инвестиции без преседан“, смета Миклош Лигети од унгарската канцеларија на Транспаренци интернешнл.

Унгарската влада ги отфрла тврдењата за корупција и вели дека деталите за инвестициите биле чувани во тајност за да се обезбедат кинески заеми.

Топлите односи на Унгарија со Москва и Пекинг се засноваат на геополитичка претпоставка, вели Креко.

„Онаму каде што се појавува нов конфликт од типот на Студена војна меѓу Кина и Западот, Орбан сака да ја игра улога на мост меѓу двајцата. И, исто така, се повеќе се работи за идејата дека западниот либерален демократски поредок е пред колапс и дека мораме да бараме нови модели, како тие во Русија, како тие во Кина“, додава Креко.

Тоа е голем пресврт од излегувањето на Унгарија од комунистичкото владеење и пристапувањето во ЕУ.

Овој споменик го означува востанието во 1956 година против советската власт, кое беше брутално задушено од Москва.
Демократското владеење нема да се врати во Унгарија до 1989 година. Но, сега постои загриженост за состојбата на демократското владеење во земјата и за силата на влијанието од Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG