Линкови за пристапност

Зошто изборните кампањи во САД се едни од најдолгите во светот


Зошто изборните кампањи во САД се едни од најдолгите во светот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Изборните кампањи во САД се едни од најдолгите во светот. Погледнете како тие се споредуваат со другите земји.

За разлика од многу други земји, САД немаат закони со кои се ограничува временската рамка на претседателските кампањи.

Поради ова, кандидатите за претседател на САД можат формално да влезат во трката во секое време пред изборите.

Иако временската рамка варира за секој кандидат, повеќето избираат да се кандидираат летото пред изборната година.

Во 2016, првиот официјален претседателски кандидат - републиканскиот сенатор Тед Круз - влезе во трката 596 дена пред денот на изборите.

За изборите во 2020 година, кампањата започна уште порано.

Првиот демократ кој поднесе барање за да се кандидира во кампањата - конгресменот Џон Дилејни - влезе 1.194 дена пред денот на изборите.

За претседателската кампања во 2024 година, Трамп ја објави својата кандидатура за Белата куќа речиси две години пред денот на изборите, додека претседателот Џо Бајден формално ја објави својата кандидатура за реизбор повеќе од една и пол година подоцна.

Резултатот е дека американските гласачи веќе се уморни од кампањата.

Според Истражувачкиот центар Пју, 62 отсто од Американците изјавиле дека се уморни од предизборните кампањи.

Низ светот

Многу други земји го немаат овој проблем бидејќи ја ограничуваат должината на изборните кампањи.

Во Британија, кампањите не можат да започнат до крајот на парламентарната седница, при што изборите обично траат околу еден месец.

На крајот на мај, британскиот премиер Риши Сунак свика предвремени општи избори, најавувајќи гласање што ќе се одржи шест недели подоцна.

Изборните закони во Јапонија се едни од најрестриктивните во светот, со кампањи ограничени на само 12 дена.

Во Шведска, иако не постојат закони за ограничување на должината на кампањите, изборите обично траат два месеци.

Во Франција, претседателската кампања обично трае неколку недели.

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на предвремени парламентарни избори во јуни, а првиот круг ќе се одржи три недели подоцна.

За време на изборите во Мексико во 2024 година, официјалната предизборна сезона започна на 1 март, три месеци пред изборите на 2 јуни. Мексико има и дополнителна шестнеделна „пред-кампања“.

За време на изборите во Тајван во јануари, кампањата официјално траеше 28 дена.

Во Австралија, изборните кампањи генерално траат околу шест недели.

И во Аргентина, кампањата за општите избори во 2023 година траат речиси седум недели со забрана за водење кампања еден ден пред гласањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG