Линкови за пристапност

Довербата во изборите во САД е поткопана, велат федерални официјални лица


Подготовка на гласачки кутии за предвремено гласање, 2 август, 2024
Подготовка на гласачки кутии за предвремено гласање, 2 август, 2024

Највисоките изборни претставници од две американски сојузни држави денес го предупредија комитетот во Конгресот кој ги надгледува федералните избори, дека довербата во изборите е поткопана поради идеолошките напори за дискредитирање на системот, што предизвика закани против изборните работници.

„Ова се сет на настани што мора да се ублажат за доброто на нашата земја“, рече државната секретарка на Ново Мексико Меги Оливер, во писменото сведочење пред комитет на Претставничкиот дом.

Таа е една од шесте државни изборни функционери кои треба да се појават на сослушувањето денес за довербата на јавноста во изборите на 5 ноември.

Таа предупреди дека изборите во САД се замаглени во перецепцијата на јавноста со „заговори, дезинформации и отворени лаги“ кои доведоа до закани, насилство и несериозни барања за информации од јавен карактер.

Демократскиот државен секретар на Мичиген Џоселин Бенсон им рече на законодавците во писмена изјава дека ширењето на лажни информации предизвикува закани кои ослободија „сеприсутно чувство на вознемиреност“ меѓу изборните администратори.

„Луѓе имаат доаѓано во мојот дом или ми се заканувале мене, на мојот персонал и на многу од стотиците службеници и претставници на локалните избори во нашата држава“, рече Бенсон.

„Не можеме да имаме сигурна демократија ако не ја заштитиме безбедноста на луѓето кои ги спроведуваат нашите избори“.

Ниту Оливер, ниту Бенсон, ги идентификуваа оние за кои рекоа дека се обидуваат да ги дискредитираат изборите во САД.

Во последниве недели, републиканецот Доналд Трамп ги засили своите лажни тврдења дека изборите во 2020 година му биле украдени и без докази тврди дека овогодинешната трка може да биде под влијание на гласовите на луѓето кои илегално ја преминале границата меѓу САД и Мексико.

Републиканците во Конгресот оваа недела се обидуваат да ги принудат демократите да го прифатат законот што го бара Трамп, а кој ќе бара доказ за државјанство од оние што се регистрираат за да гласаат на федералните избори.

Оливер ги наведе овие тврдења како пример за дезинформации што ја намалуваат довербата на гласачите.

„Гласањето на луѓе кои не се државјани едноставно не се случува на кој било систематски начин во Ново Мексико или во нацијата пошироко“, рече таа.

Тоа е кривично дело и независните студии покажаа дека се случува само ретко.

Државниот секретар на Охајо Френк ЛаРоуз, републиканец, изјави на панелот дека гласачите во неговата држава се загрижени за гласањето на на луѓе кои не се државјани, како резултат на рекордниот проток на мигранти во земјата за време на претседателот Џо Бајден.

„Некои лица без државјанство се навистина регистрирани да гласаат во оваа земја“, рече ЛаРоуз, чија канцеларија минатиот месец соопшти дека идентификувала речиси 600 неграѓани кои биле регистрирани за гласање.

Охајо има вкупно околу 8 милиони регистрирани гласачи, според државните записи.

Државниот секретар на Западна Вирџинија, републиканец, Мек Ворнер, го критикуваше Бајден дека користел извршна наредба од 2023 година да ги насочи федералните агенции да им помогнат на луѓето да се регистрираат за гласање.

Акцијата неодамна стана мета на републиканските тужби кои тврдат дека може да ја отвори вратата за гласање на лица без државјанство.

Ворнер тврдеше дека извршната наредба „ќе резултира со гласање надвор од законот“.

XS
SM
MD
LG