Телевизиските реклами, како оваа од гигантот за е-трговија Тему, ги намами Американците на евтино и забавно искуство за купување преку Интернет, директно поврзувајќи ги со кинеските производители, кои често не наплаќаат за испорака.
Тие можат да си дозволат да го сторат тоа бидејќи пакетите со стоки во вредност од под 800 американски долари може да се увезат без царина во Америка.
Но, американскиот претседател Доналд Трамп, како дел од неговите нови царини за Кина, ја затвори таа правна дупка, позната како одредба, de minimis.
Поштата на САД објави дека нема да прифаќа дојдовни пакети од Кина и Хонг Конг, но ја промени одлуката следниот ден. Објаснувањето беше дека треба време да ги усогласи политиките со Царината за да обезбеди да ги собере новите тарифи и да ги минимизира доцнењата во испораката на пакетите.
Можеби ќе поминат многу месеци пред сите пошти и царински инспектори да имплементираат систем за проверка и прикачување вредност, на сите дојдовни пакети, според Марк Кенеди, експерт за стратешка конкуренција во Центарот Вилсон.
„Ова не е нешто што го правеле претходно. Не е лесна задача. Ќе биде голем предизвик за нив да се прилагодат на оваа промена“, вели Марк Кенеди од Центарот „Вилсон“.
Со милијарда пакети што секоја година се праќаат до жителите na САД од странство, се провлекува многу шверцувана стока, вклучувајќи бои за преса за таблети за производство на фентанил, фалсификувани луксузни часовници и штетна козметика, објаснува директорката на теренската канцеларија на Царината и пограничната заштита во Чикаго, ЛаФонда Сатон-Бурк.
„Јас само би замолила сите да размислат темелно кон овие пратки што можеби ги купувате, а кои би можеле да бидат штетни и опасни“, посочува Сатон-Брук.
Дел од памучната облека што Американците ја нарачуваат од Кина предизвикува друга загриженост, забележува Кенеди од Центарот Вилсон.
„Многумина се загрижени дека некои од производите се од работна сила на робови - тие се обидуваат да ги контролираат оние што користат Ујгурците во провинцијата Ксинџијанг, а текстилната индустрија се жали дека тоа ги чини работни места“, вели Кенеди.
Активностите на САД се спротивни на трендот на проширување на прекуграничната е-трговија, рече портпаролката на кинеското Министерство за трговија Хи Јонгчиан во изјавата од државните медиуми.
„Се надеваме дека Соединетите Држави можат да се усогласат со глобалниот тренд на развој на глобалната трговија, да ги оптимизираат регулативите и да создадат фер и предвидлива политичка средина за прекугранична е-трговија која на локалните потрошувачи им овозможува попогодни, поквалитетни и исплатливи опции за купување“, рече Јонгчиан.
Кина возврати на извршните наредби на Трамп со воведување нови царини за американски јаглен, течен природен гас, сурова нафта, некои автомобили и земјоделски машини.
Facebook Forum