Линкови за пристапност

Засилени напади врз Американците со арапско потекло во САД


Засилени напади врз Американците со арапско потекло во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00

Расте омразата врз Американците со арапско потекло и Американците муслимани во САД, по нападот на Хамас на 7 октомври. Овие заедници чувствуваат страв поради можни одмазди.

Октомври. Шестгодишно момче Американец со палестинско потекло е избодено до смрт од сопственикот на имотот каде што живее неговата мајка. Сторителот сега е обвинет за кривичното дело одмазда.

Ноември. Тројца студенти се застрелани во Вермонт додека зборуваат арапски и носат традиционални арапски марами. Едниот од нив, Американец со палестинско потекло, сега е парализиран.

Инцидентите како овие создаваат страв кај Американците со арапско потекло.

„Беше слично на нападите од 11 септември. Со такво чувство на вознемиреност, страв и трепет“, вели Самра Лукман, Американка со арапско потекло.

„Секогаш сме под штрек. Се плашиме дека ќе бидеме цел или обвинети за нешто друго“, додава таа.

Не постои скорешна јавна статистика на ФБИ во врска со злосторства од омраза против Американците со арапско потекло или Американците кои се муслимани. Сепак, и Советот за американско-исламски односи и организацијата Лига за борба против клевета, која се бори против антисемитизмот, по 7-ми октомври следеа бројни инциденти против овие групи.

„Вие на некој начин ги мешате Палестинците со терористите – бидејќи секој што чувствува нешто за Палестинците тоа мора да биде терорист, без да се дозволи да се искажат природни и нормални емоции, туку се сфаќа дека се покажуваат терористички симпатии, токму тоа нè дехуманизира“, укажува Диана Абоуали, директорка на Американско-арапскиот национален музеј.

Американецот со палестинско потекло Адам Абусалах двапати размислува за тоа дали да носи традиционална шамија која стана симбол на солидарност со Палестинците.

„Дали е вреди? Кога одам на места кои не ги знам добро се прашувам дали шамијата треба да ја оставам во автомобилот. Зарем не треба да кажам дека сум Палестинец, дека сум муслиман?“, посочува Абусалах.

Иако стравот да се биде мета е полош од 7-ми октомври, Самра Лукман вели дека тоа е дел од тоа да се биде Американец со арапско потекло и муслиман – особено по нападите на 11 септември.

„Речиси 30 години од мојот живот носев шамија, а кога се преселив во друга сојузна држава, премногу бев исплашена да ја носам, и престанав да носам“, додава Лукман.

Неодамна, познати медиуми објавија текстови и колумни во кои ги споредуваат Арапите со животни, а градот Дирборн во Мичиген го нарекуваат дом на голема популација на Американци со арапско потекло, или цитирам „Американскиот главен град на џихадот“.

„На тој начин го оправувате насилството. Ја оправдувате омразата кон луѓето и ги ставате во ризик. Ги поистоветувате со животни, што значи дека повеќе не ги гледате е како луѓе“, додава Амни Шурајди од Универзитет на Мичиген во Дирборн.

Во рамазанската порака, претседателот Џо Бајден изрази загриженост за повторното оживување на омразата и насилството кон Американците кои се муслимани. Тој рече дека владата развива стратегија за да се спротивстави на пристрасноста, дискриминацијата и омразата кон муслиманите, Американците со арапско потекло и другите маргинализирани групи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG