Линкови за пристапност

Загриженост во Украина за новата воена поддршка од Западот


Загриженост во Украина за новата воена поддршка од Западот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

Украинските власти изразуваат загриженост за идната воена поддршка од Западот, особено од САД. Воените команданти велат дека итно им е потребна дополнителна помош, вклучително и напредно вооружување за да ја вратат стратешката предност против помоќните руски сили. Мирослава Гонгадзе има повеќе.

Бојното поле во источна Украина значително се влоши во последните денови. Во објава на социјалните мрежи, врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал полковник Олександр Сирскиј, рече дека ситуацијата на источниот фронт се влошила, бидејќи Русија ги интензивирала напорите да добие повеќе украинска територија.

Експертот за одбрана во Центарот за европски анализи Марк Војгер вели дека на Украина и треба уште повеќе муниција сега, бидејќи украинските сили едвај можат да го задржат фронтот.

„За жал, Украина нема доволно муниција за да возврати. И затоа, ситуацијата сега е малку песимистичка, особено со оглед на доцнењата. Би го оценил како срамно политиканството на [американскиот] Конгрес за дадениот збор за 60 милијарди долари, кои се од витално значење за опстанокот на Украина“, вели Војгер.

Соочен со недостиг на војници и муниција, украинскиот парламент минатата недела усвои предлог-закон за кој долго се расправаше, со кој ќе се олесни идентификувањето на мажите кои се подобни. На почетокот на април, Украина ја намали возраста за регрутирање од 27 на 25 години.

Официјални лица изразуваат загриженост за способноста на Украина да продолжи да се бори.

„Гледам што се случува со регионите Харкив и Суми, и тоа е мојот најголем страв, и се плашам дека можат да нападнат“, укажува Соломиа Бобровска, украинска парламентарка.

И таа изразува загриженост за зголемените напади на Русија врз критичната инфраструктура на Украина.
„Ќе биде доволно целосно да се уништи енергетската инфраструктура, водоснабдувањето, бензинските станици... И луѓето ќе мора да го напуштат Киев, нивните работни места и училишта“, додава Бобровска.

Поранешната министерка за образование Ана Новосад и нејзината фондација „Saved“ работат на обнова на училиштата. Таа вели дека, дури и под постојана закана, Украинците не се обесхрабрени.

„Никој нема да се откаже, луѓето сѐ уште ја бранат својата држава. И анкетите покажуваат дека голем дел од Украинциte не се подготвени да отстапат ни педа територија за какви било компромиси што би можеле да бидат ставени на маса“, смета Новосад.

Адријан Боненбергер е американски ветеран кој ги обучувал украинските одбранбени сили на почетокот на целосната инвазија. Тој изрази загриженост за намалената поддршка на САД и за иднината на Украина.

„Мислам дека она што ќе се случи е дека Украина ќе се повлече повеќе, ќе мора повеќе да се бори во одбрана. Ќе загинат уште многу војници. Украина ќе продолжи да се бори зашто мора. Русија само сака да ја уништи Украина и Украинците. За Америка уште една навистина лоша работа што ќе се случи е ако луѓето ја изгубат вербата во Америка. Луѓето велат дека зборот на Америка не значи ништо, напушти од Авганистан, напушта од Украина“, вели Боненбергер.

Некои американски пратеници велат дека Американците треба да им дадат приоритет на домашните работи, како што е безбедноста на границите, пред војната во Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG