Линкови за пристапност

Зголемена невработеностa во развиените економии


Зголемена невработеностa во развиените економии
Зголемена невработеностa во развиените економии

Холандија и Шпанија со највисока невработеност во еврозоната

Стапката на невработеност упорно останува висока во земјите со развиени економии, задавајќи главоболки на полиитчарите кои се обидуваат да избегнат уште една глобална рецесија.

Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), невработеноста меѓу 34-те нејзини земји-членки во октомври се зголемила за 0.1% за разлика од минатиот месец и изнесува 8,3%.

Без работа во рамки на ОЕЦД биле вкупно 45,1 милион луѓе, а најголемиот пораст е во Европа.

Во еврозоната, севкупната стапка на невработеност изнесува 10,3% - највисоко ниво од почетокот на глобалната финансиска криза.

Шпанија и Холандија искусиле особено висок скок на невработеноста. Само во Шпанија, стапката на невработеност изнесува 22,8% Аналитичарите стравуваат дека четвртата најголемата економија во еврозоната наскоро може да се приклучи на Грција и другите држави на кои им е потребна меѓународна финансиска помош.

XS
SM
MD
LG