Линкови за пристапност

Невработеноста во САД паднала на 8,5 проценти


Невработеноста во САД паднала на 8,5 проценти

Американската стапка на невработеност паднала на 8,5 проценти во декември и економијата имала нето добивка од 200 илјади работни места.

Извештајот од петок на Одделот за труд вели дека стапката на невработеност е две десетини од процентот подобра од претходниот месец, што е најдобро од Февруари 2009.

Сите новоотворени работни места биле во приватниот сектор, додека државните и локални влади намалиле 12 илјади работни места.

Високата невработеност ја направи економијата главно прашање на овогодишната кампања за претседателски избори.

XS
SM
MD
LG