Европските лидери го започнаа својот прв самит во 2012 во Брисел, со цел да постават нови контролни механизми врз поединечни влади, но исто така соочувајќи се со потсетници на економските тешкотии.
Среде снежна бура што го отежна сообраќајот белгиските работници во понеделникот организираа прв генерален штрајк од 2005 за да протестираат против мерките на владата за стегање на ременот. Некои летови беа откажани, а копнениот сообраќај беше во тотален застој.
Лидерите на државите на ЕУ се обидуваат да постигнат договор по планот за контрола на трошењето во целиот континент, додека во исто време се обидуваат да ја поттикнат застоената европска економија. Економските аналитичари велат дека континентот може да се лизне во умерена рецесија во првата половина на годинава.
Но загриженоста во врска со презадолжената Грција останува една од главните точки. И покрај тековните преговори со приватните кредитори, владата во Атина до сега покажа дека не може да направи договор за намалување на долгот на половина. Тоа можеше да го намали грчкиот долг за 130 милијарди, но разговорите за пактот не може да ја надминат пречката на каматните стапки што Грција треба да ги плати на ревидираниот долг.