Американската економија се развивала со позабавено темпо за јули, август и септември отколку што првично се сметало. Во најновиот извештај на Одделот за трговија се вели дека бруто домашниот производ се зголемил за само 2 проценти годишна стапка за третиот квартал.
Некои економисти велат дека растежот можно е да се зголеми за месеците октомври, ноември и декември. Овој параметар е внимателно следен заради важноста во креирање на милиони работни места неопходни за намалување на актуелната стапка на невработеност од 9 проценти.