Извештајот објавен во четврток од Одделот за труд паднал за 23.000 на национално ниво стигнувајќи до 381.000.
Стапката на невработеност во САД паднала за четири десетини од процентот во ноември, на 8,6 проценти.
Некои економисти велат дека загриженоста за работни места е клучната причина што потрошувачката на конзументите била слаба. Тоа наштети на опоравувањето зашто побарувачката на конзументите ја движи во најголем дел економската активност во САД.
Американската економија пораснала со годишна стапка од два проценти во јули, август и септември. Експертите велат дека стапката може да порасне во последните три месеци на годината, освен ако должничката криза во Европа се влоши и тоа се одрази на довербата на конзументите и на инвеститорите.