Линкови за пристапност

Најголемата светска економија ќе расте со „умерена“ стапка


Најголемата светска економија ќе расте со „умерена“ стапка
Најголемата светска економија ќе расте со „умерена“ стапка

Централната банка на САД очекува следните месеци да има умерен растеж во американската економија

Врвните претставници на американската Централна банка велат дека очекуваат најголемата светска економија да расте со „умерена“ стапка во наредните месеци.

Извештајот од средата на Федералните резерви вели дека потрошувачката на конзументите и бизнис инвестициите се подобрени, но дека пазарот на работна сила и градежниот сектор се` уште имаат проблеми.

Централната банка ги задржа каматните стапки на исто ниво откако забележа дека инфлацијата неодамна попуштила. Доколку инфлацијата стане закана, Федералните резерви најверојатно ќе ги кренат каматните стапки за да ја оладат економијата и да ги стават под контрола цените. Но официјалните лица не сакаат тоа да го сторат премногу рано бидејќи сегашните ниски каматни стапки се со намера да помогнат во растежот на американската економија.

Во одвоен извештај порано во среда се вели дека американскиот приватен сектор вработил 110.000 лица во октомври, со најголем дел во услужниот сектор на економијата.

Податоците може да се подготовка за петочниот извештај за американската невработеност, за која експертите веруваат дека ќе остане непроменета, на 9,1 процент. Економистите анкетирани од новинските организации велат дека економијата на САД веројатно ќе покаже добивка од 95 илјади работни места.

XS
SM
MD
LG