Линкови за пристапност

Војните во Газа, Украина и Судан во фокусот на Генералното собрание на ОН


Војните во Газа, Украина и Судан во фокусот на Генералното собрание на ОН
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00

Светските лидери се собираат на нивните годишни состаноци во Обединетите нации почнувајќи од недела, а војните во Газа, Судан и Украина ќе бидат во центарот на вниманието. Дописничката на Гласот на Америка од ОН, Маргарет Бешер има повеќе.

Овогодинешното Генерално собрание на ОН ќе се одржи во мрачна глобална позадина.

((Antonio Guterres, UN Secretary-General))

„Гледаме геополитички поделби и конфликти надвор од контрола - не само во Украина, Газа, Судан туку и пошироко.“

Во војната во Газа убиени се 41.000 Палестинци а има и 100 заложници земени од Израел кои сè уште се во заробеништво на Хамас. Но, напредокот кон прекин на огнот е малку веројатен на собирот на ОН.

((Randa Slim, Middle East Institute)) ((Skype))

„Не гледам многу напредок. Мислам дека двете страни, во овој случај Хамас и израелскиот премиер, се чини дека се подготвуваат за долготрајна војна и продолжен конфликт.“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас сигурно ќе се фокусираат на војната за време на обраќањето на Генералното собрание во четврток.

Во Њујорк, пак, се очекува да пристигне и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Повеќе од две и пол години откако Русија ја нападна Украина, мирот останува неостварлив.

Зеленски најверојатно ќе бара поголема воена поддршка и оружје со долг дострел за време на состанокот на Советот за безбедност посветен за Украина во вторник како и на Генералното собрание во среда.

((Richard Gowan, International Crisis Group))

„За Украина сега, голем предизвик е да се спречи Русија да напредува во источниот дел на Украина. Иднината на војната ќе се решава на бојното поле, а не во ОН“.

Рускиот претседател Владимир Путин нема да дојде во Њујорк, но ќе дојде министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Дипломатите исто така ќе разговараат и за војната во Судан. И покрај многубројните меѓународни иницијативи, нема прекин на огнот, а во 17 месечните борби раселени се над 10 милиони луѓе.

Нови политички лица на ОН ќе бидат британскиот премиер Кир Стармер и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Американскиот претседател Џо Бајден, пак, ќе го има својот последен настап во ОН.

„Мислам дека сè уште постои одредена почит за неговиот ангажман со мултилатерализмот, но исто така постои и многу жалење што тој не им даде на ОН поголема улога во справувањето со војната во Газа“.

По двата обиди за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп, Гласот на Америка праша дали САД можат да ја гарантираат безбедноста на повеќе од 130 претседатели и премиери кои ќе дојдат во Њујорк.

„Во Њујорк има полиција насекаде. Дипломатскoto обезбедување и pomaga na Тајната служба, која исто така, ќе биде вклучена и за безбедноста на шефовите на држави кои ќе бидат тука во градот“.

Генералниот секретар ќе ја започне маратонската недела на дипломатија во недела со дводневен „Самит на иднината“, кој има за цел да го реформира системот на ОН за справување со новите предизвици, вклучувајќи ги климатските промени и вештачката интелигенција.

„Не можеме да создадеме иднина погодна за нашите внуци со системи изградени од нашите баби и дедовци“.

Преговорите за „Пактот за иднината“ беа тешки, но се очекува и тој да биде усвоен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG