Доналд Трамп и Џо Бајден влегуваат во својата прва дебата од оваа кампања во која се очекува да им кажат на гласачите дека изборот на нивниот противник би бил катастрофален.
Трамп вели дека Бајден ја уништува земјата.
Бајден, пак, вели дека Трамп ќе ја врати земјата наназад.
Оваа дебата е единствена по тоа што има и актуелен претседател и поранешен претседател, вели професорката за комуникации на Универзитетот во Пенсилванија, Кетлин Хол Џејмисон.
Ова ќе биде најраната претседателска дебата во историјата на САД, при што ниту Трамп ниту Бајден не се официјално номинирани за кандидати од нивната партија. На дебатата нема да има воведни изјави. И на двајцата кандидати ќе им биде исклучен микрофонот кога не им е редот да зборуваат.
Facebook Forum