Линкови за пристапност

Какви се очекувањата за првата дебата на Бајден и Трамп?


Какви се очекувањата за првата дебата на Бајден и Трамп?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Кандидатите за претседател на САД, Џо Бајден и Доналд Трамп, ќе се соочат денес на нивната прва дебата од овој изборен циклус. Од Атланта известува Кала Ју од Гласот на Америка.

Доналд Трамп и Џо Бајден влегуваат во својата прва дебата од оваа кампања во која се очекува да им кажат на гласачите дека изборот на нивниот противник би бил катастрофален.

Трамп вели дека Бајден ја уништува земјата.

Бајден, пак, вели дека Трамп ќе ја врати земјата наназад.

Оваа дебата е единствена по тоа што има и актуелен претседател и поранешен претседател, вели професорката за комуникации на Универзитетот во Пенсилванија, Кетлин Хол Џејмисон.

Ова ќе биде најраната претседателска дебата во историјата на САД, при што ниту Трамп ниту Бајден не се официјално номинирани за кандидати од нивната партија. На дебатата нема да има воведни изјави. И на двајцата кандидати ќе им биде исклучен микрофонот кога не им е редот да зборуваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG