Руското раководство им оддава почит на оние кои загинаа во овие три години во војната во Украина.
Влегувајќи во својата четврта година, Русија сè уште ја нарекува „Специјална воена операција“ и ја одбележуваат со настани, вклучително и изложба на портрети за паднатите борци.
Но, очекувањето на средба лице в лице меѓу Трамп и Путин е она што доминира во разговорот на улиците на Москва.
Максим Илинов е меѓу уметниците кои учествуваат во изложбата. Тој го гледа пристапот на Трамп како трансакциски и позитивна работа.
„Трамп секогаш вели „ајде да се договориме“. Тоа е деловна позиција. Оние кои склучуваат договори не ги губат предностите, туку се насочени кон придобивките. Може да се преговара со него, бидејќи тој сака пари, а не војна“, вели Илинов.
Односите меѓу Москва и Вашингтон паднаа на ниско ниво поради политичката и воената поддршка на тогашниот претседател Џо Бајден за Украина.
Ветувањата на Трамп дека ќе стави крај на војната и поканата за Русија - но не и за Украина - на мировните преговори предизвикаа ентузијазам во Русија.
Но, тој ентузијазам е намален од некои поединци кои повикуваат на намалени очекувања.
„Се сеќаваме на првото претседателство на Трамп кога, генерално, почнаа да се воведуваат масивни санкции против нашата земја како никогаш досега, почна зголеменото снабдување со оружје за Украина. Многу беше направено за да се влоши ситуацијата околу украинската криза и во тогашните односи меѓу Москва и Вашингтон“, вели Алексеј Громијко при Институт за Европа, Руска академија на науките.
Русите кои се противат за инвазијата на нивната земја во Украина беа замолчувани во Русија или принудени на егзил. Тие ги гледаат предложените преговори на Трамп како де факто политичка и воена победа на Путин.
„Русија навистина би сакала да има работни односи со САД, под услов руските интереси да се земат предвид во Украина. Ова е, всушност, прилично амбициозен план на Путин, кој не се разликува од капитулацијата на Украина“, вели Антон Барбашин од „Загатката Русија“.
На улиците на Москва општо мислење е дека Трамп ја отвори вратата која беше затворена од Бајден.
„Трамп е поразумна личност, попрагматичен... и неговата придружба, и Илон Маск, и сите тие се паметни луѓе“, вели Алиса, жителка на Москва.
„Немаше простор за преговори со Бајден. Тој ја криеше вистината и имаше лични интереси во Украина“, посочува Сергеј, жител на Москва.
„Во принцип, да бидам искрен, не ми е грижа. Ќе победиме. Не ми е грижа за Америка. Не ми е гајле за Европа“, вели Дмитри, жител на Москва.
Многу Руси велат дека сакаат да видат крај на војната во Украина и тие ги гледаат чекорите на Трамп како канал за мировен договор за кој се надеваат дека ќе стави крај не само на војната, туку и на санкциите - и на изолацијата на Русија.
Facebook Forum