Линкови за пристапност

Војната остава длабоки ментални траги врз децата во Украина


Војната остава длабоки ментални траги врз децата во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:37 0:00

Експертите велат дека во Украина има големо зголемување на случаите на анксиозност, депресија, нарушување на приспособувањето, посттрауматско стресно растројство и други проблеми со менталното здравје од инвазијата на Русија во 2022 година. Известува Лесија Бакалец.

Ова е трета пролет што психологот Полијана Шадрина и нејзината ќерка Софија ја поминуваат во Варшава, наместо во родниот Киев. Шадрина која е бегалка, и помага на својата ќерка со домашните задачи.

„Каде е почетокот на задачата, а каде е крајот? Дали си сигурна дека ова е почеток?”, се прашува Шадрина.

Тие живееле во Киев кога Русија ја започна инвазијата на Украина. Ќерка и има нарушување на спектарот на аутизам, а по еден месец менталното здравје на Софија се влошило. Така, Шадрина со неа заминала во Варшава.

„Таа реагираше на секоја воздушна сирена, дури и ноќе. Потоа, таа почна да се буди при најмал шум и имаше проблем да заспие. Воопшто не сакаше да излегува надвор”, објаснува Шадрина.

Шадрина која е психолог за деца вели дека многу деца кои останале во Украина и многумина кои избегале страдаат од проблеми со менталното здравје.

„Некои деца се прилагодуваат побрзо. Но, има и такви чија анксиозност е зголемена до таа мера што влијае на спиењето и апетитот. Покрај тоа, наоколу има и возрасни луѓе кои исто така се напнати”, вели Шадрина.

Друг психолог, Катерина Тимакина, работи за Ветеран хаб, мрежа на невладини организации што ги поддржуваат ветераните и нивните роднини.

„Оваа количина на стрес не е нешто за што сте можеле да бидете подготвени. Анксиозните растројства се зголемиле за 48 проценти, депресијата и нарушувањата на приспособувањето се зголемиле за 46 проценти”, вели Тимакина.

Зголемувањето на бројот на апели за помош потврдуваат и центрите за советување и терапија како овој кој е наречен „Отворени врати“.

„И воените и цивилните поплаки се зголемени за 80 проценти. Моментално во центарот работат 30 специјалисти, а секоја недела добиваме околу 30 нови апликации”, вели Катерина Крилова од „Отворени врати“.

Други страдаат од посттрауматско стресно растројство. Украинското Министерство за здравство известува дека во 2023 година, бројот на пациенти со ова растројство се зголемил за четири пати од 2021 година.

„Меѓу симптомите може да бидат несоница, агресија и ретроспективи - кога лицето се чини дека се враќа во моментот на траума и не разбира што се случува околу него”, додава Јулија Токоленко од „Отворени врати“.
Катерина Тимакина вели дека ќе биде потребно време за да се знае вистинската скала на влијанието на војната врз менталното здравје, бидејќи украинските цивили и воениот персонал сè уште ја доживуваат траумата.

„Потполно ќе го разбереме менталното влијание врз нас како општество само кога ќе завршат непријателствата. Одделно зборувајќи за војската, нивната ментална состојба може да се оцени шест месеци до една година по првиот бран на демобилизација”.

Светската здравствена организација вели дека секое петто лице кое живее во конфликтни области низ светот има некаква форма на проблем со менталното здравје. Со најновата проценка на Обединетите нации за украинското население во 2024 година тоа значи дека веројатно се погодени околу 8,5 милиони луѓе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG