Првиот човек во САД кој почина поради зараза со вирусот на птичји грип, познат како Х5Н1, имал над 65 години, други здравствени проблеми и бил изложен на домашна живина и диви птици, според здравствените власти во Луизијана, каде што настапила смртта.
Потврдени се 66 случаи на Х5Н1 кај луѓе во САД од почетокот на 2024 година.
„Ова е навистина чума. Се нарекува птичји грип, но ги погодува и луѓето. Милиони диви животни угинаа во САД, особено птици грабливки, месојади и предатори. Што се случи, ги јадат птиците што умираат и потоа се заразуваат, така?“, вели Д-р Џим Кин од Центарот за социјална економија.
Официјално познат како птичји грип, тој се прошири на повеќе од 900 стада крави во САД од март. Но, Светската здравствена организација вели дека ризикот за општата популација останува низок.
„Не циркулира кај луѓето, но се шири кај луѓето кои се изложени, особено оние кои се изложени на живина или на крави, каде што го гледаме и најголемиот дел од пренесување од животно на човек. Но, не гледаме постојана циркулација“, посочува Маргарет Харис од СЗО.
Надвор од САД, во изминатите 20 години пријавени се повеќе од 950 случаи на птичји грип. Кај половина од тие случаи пациентите починале.
„Мислам дека е невозможно да се преувеличува ризикот што го носи птичјиот грип H5N1. Овој вирус има потенцијал да создаде пандемија која апсолутно ќе ве натера да заборавите дека ковид-19 некогаш се случил“, вели Томас Пул од Движењето за заштита на животните.
Американските здравствени власти велат дека доказите сугерираат оти пациентот од Луизијана развил мутации на вирусот како што болеста се влошувала.
Тоа алармира некои здравствени експерти, кои се загрижени дека посмртоносен, мутирачки вирус на крајот може да се прошири на луѓето.
„Оваа работа, во моментот, не претставува голем ризик за човековото здравје, и навистина веројатно нема, освен ако не сте работник во живина, додека во еден момент тоа не се случи кај едно лице, а потоа е предоцна да се направи било што“, вели Пул.
„Значи, тоа е ризик. Не е стабилна цел, туку се менува“, смета Д-р Џим Кин од Центарот за социјална економија.
Ветеринарите велат дека домашните мачки се подложни на птичји грип.
„Ако имате мачка што можете да ја спречите да излезе надвор и да биде во контакт со диви птици, може да помогне“, вели Пул.
Тие, исто така, ја прекинаа загриженоста дека пилешкото и јајцата заразени со птичји грип се продаваат во самопослуга.
„Ако пилешкото се готви или јајцата се варат, нема ризик за луѓето. Треба само да го зготвите“, вели Кин.
И, велат тие, млекото е исто така безбедно, се` додека е пастеризирано.
Facebook Forum