Поранешниот гувернер на Масачусетс Мир Ромни води меѓу републиканските кандидати за претседател и би имал мала предност пред претседателот Барак Обама доколку изборите би се одржале денес, според најново истражување на Квинипек.
Анкетата објавена денеска на Ромни му дава 22% поддршка од републиканците и оние кои се наклонети да гласаат за републиканец. Поранешниот извршен директор на компанија за пици Херман Каин освои 17%, а сегашниот гувернер на Тексас Рик Пери загуби 10% последниве пет недели и е на трето место со 14%.
18% проценти од републиканците и оние кои се наклонети да гласаат за републиканец не се изјасниле за ниту еден од претседателските кандидати.
Анкетата воедно покажува и дека доколку претседателските избори би се одржале денес наместо во ноември 2012-та, Ромни би имал мала предност – 46 наспроти 42% во однос на претседателот Обама.
Новото истражување е објавено ден откако гувернерот на Њу Џерси, републиканецот Крис Кристи обелодени дека нема да се кандидира за претседател, и покрај повиците од влијателни сопартијци.