Линкови за пристапност

Втора дебата на републиканските кандидати


Втора дебата на републиканските кандидати
Втора дебата на републиканските кандидати

Ромни и Пери се судрија околу иднината на системот за социјално осигурување во САД

Осум кандидати за претседател од редовите на републиканците дебатираа за социјалните програми, имиграцијата и војната во Авганистан на втор настан неделава, во време кога се загрева трката за прелиминарните избори во 2012-та.

На дебата организирана од Си-Ен-Ен и Ти Парти во сојузната држава Флорида имаше прашања од конзервативни гласачи во публиката, преку интернет и од неколку други сојузни држави.

Фаворитите Рик Пери и Мит Ромни се судрија околу пензискиот систем за социјално осигурување. Поранешниот гувернер на Масачусетс го притисна неколкупати тексашкиот гувернер да одговори дали се` уште верува, како што напишал во својата книга, дека системот за социјално осигурување е „противуставен“.

Пери го омекна претходниот став и рече дека не би ја укинал програмата, но оти не верува дека законодавците кои го креирале во 1930-тите и 1940-тите го направиле да биде „соодветен“ за Америка.

Исплатите од системот за социјална заштита се 41 процент од приходите на пензионираните Американци и е важна тема во Флорида, која има најголема популација со постари гласачи во САД.

На прашањето за илегалната имиграција, Пери се најде на удар со одлуката на гувернер на Тексас да им дозволи на децата на илегални имигранти да им се плаќа школарина за државните универзитети во оваа сојузна држава. Ромни обвини дека ваквата пракса ќе привлече повеќе лица да влезат во земјата по илегален пат. Американската конгресменка Мишел Бакман рече дека „не е американски“ да им даде владини бенефиции на лица кои го прекршиле законот.

За Авганистан, кандидати изразија согласност дека САД треба да се повлечат своите војници како дел од транзицијата со предавање на одговорноста за безбедноста во раце на авганистанските сили, но изразија несогласувања за идното учество на американските сили во земјата.

XS
SM
MD
LG