Линкови за пристапност

Републиканска тројка


Републиканска тројка
Републиканска тројка

Бакман, Ромни и Пери неодамна избија на чело меѓу партиските кандидати за претседателските избори 2012-та, но трката е далеку од тоа да биде готова.

Политичките стручњаци во моментов издвојуваат тројца кандидати во републианската трка за претседателските избори - гувернерот на Масачусетс Мит Ромни, неговиот колега од Тексас Рик Пери и конгресменката од Минесота Мишел Бакман.

Бакман доби поени со победата на пробното гласање изминатиот викенд во сојузната држава Ајова.

„Обама е мојата стратегија. Планот ми е да бидам номинирана за претседател од редовите на Републиканската партија и да го поразам во 2012-та“, децидна е Бакман.

Сепак, нејзината победа ја засени гувернерот на Тексас Рик Пери кој токму во тој момент реши да се приклучи на трката.

„Верувам во Америка. Верувам во нејзината цел и ветувања. Верувам дека најдоброто претстои и со ваша и божја помош, ќе ги вратиме работните места во Америка“, им порача Пери на гласачите.

Исто како и Бакман, Пери се обидува да ги придобие гласовите на активистите од движењето „Ти парти“ кои се залагаат за намалување на обемот и трошоците на федералната влада.

Пери воедно планира да ја добие поддршката и од економските конзервативци, чиј фаворит во моментов навидум е поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни.

И Ромни во кампањата е фокусиран на претседателот Обама.

„Неговиот рејтинг во моментов е на најниско ниво. Тоа не е поради фактот што тој не води кампања, туку поради тоа што не постапува како водач. На американскиот народ му е потребен претседател кој ќе ја врати виталнсота на економијата“, тврди Ромни.

Метју Дауд, политички аналитичар за телевизијата АБЦ, кој своевремено работел за поранешниот претседател Џорџ Буш, предвидува дека Рик Пери ќе биде мошне сериозен кандидат.

„Тој е неверојатно добар за кампањи. Работејќи за Џорџ Буш и познавајќи го Рик Пери, тој во моментов е подобар во кампањата споредено со Џорџ Буш“, тврди овој експерт.

Според испитувањата на јавното мислење, Ромни има тесно водство пред другите републикански кандидати, но многумина конзервативци се скепса гледаат на неговиот учинок како гувернер на Масачусетс - сојузна држава наклонета кон демократите и бараат поконзервативна алтернатива.

Факт е дека Пери е популарен меѓу конзервативците, но некои републиканци се прашуваат дали ќе го привлече вниманието на умерените, чии гласови честопати се потребни за победа на изборите. Пери ќе бида ставен на тест во најблиска иднина со трите републикански претседателски дебати закажани за септември.

XS
SM
MD
LG