Линкови за пристапност

Републиканците вечерва на дебата во Калифорнија


Републиканците вечерва на дебата во Калифорнија
Републиканците вечерва на дебата во Калифорнија

Неизвесно учеството на Рик Пери поради шумските пожари во неговиот Тексас

Вечерва во претседателската библиотека Роналд Реган во Калифорнија ќе се одржи првата од серијата дебати на кандидатите за претседател од редовите на републиканците.

На дебатата треба да учествува и гувернерот од Тексас Рик Пери, но тој претходно предвреме ја напушти Јужна Каролина за да се врати во Тексас со цел да се справи со шумските пожари кои ја зафатија оваа сојузна држава. Асошиејтед Прес јави дека учеството на Пери на дебата во Калифорнија е неизвесно.

Неодамнешните анкети покажаа дека Пери и поранешниот гувернер од Масачусетс Мит Ромни се борат за водство во републиканската претседателска трка, додека на трето место е конгресменката од Минесота Мишел Бакман.

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни најави свој економски план. Во него вклучува намалување на даноците, полабави владини регулативи за бизнисите, поголемо производство на енергија од домашни ресурси и воведување санкции врз Кина поради непочитување на правата за интелектуална сопственост.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 6-ти ноември 2012-та и ќе бидат 57-ми по ред.

XS
SM
MD
LG