Линкови за пристапност

Украинска офанзива: Потег за подобра позиција или акција со неизвесен исход?


Украинска офанзива: Потег за подобра позиција или акција со неизвесен исход?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:09 0:00

Украина ја презеде борбата против Русија во последните денови, а украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди потегот на неговата армија да ја „истурка војната на територијата на агресорот“ со напади во рускиот регион Курск. Анализа на  Анита Пауел. .

Војната во Украина повеќе не е ограничена. Така вели украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврдувајќи дека неговите трупи навлегле во западниот руски регион Курск во последните денови.

Неговото образложение е:

„Фер е да се уништат руските терористи таму каде што се, од каде што ги започнуваат своите напади. Руски воени аеродроми, руска логистика. Гледаме колку може да биде корисно ова за приближување до мир. Русија мора да биде принудена на мир ако Путин сака да продолжи води војна толку лошо“.

Сто илјади руски цивили побегнаа од украинскиот притисок, а рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека тоа поттикнало зголемување на бројот на мобилизации.

„Се чини дека непријателот има за цел да ги подобри своите преговарачки позиции во иднина. Па, за какви преговори воопшто можеме да зборуваме со луѓе кои вршат недискриминирачки напади врз цивили, врз цивилна инфраструктура и се обидуваат да создадат закани за капацитетите за нуклеарна енергија? За што можете да разговарате со нив?“, рече Путин.

И Белата куќа и Стејт департментот упатија строги предупредувања до Москва поради употребата на иранска муниција.

„Подготвени сме да испорачаме брз и остар одговор доколку Иран продолжи со трансферот на балистички ракети, што според нас би претставувало драматична ескалација на поддршката на Иран за руската агресивна војна против Украина. Иранските власти исто така продолжуваат да негираат давање на какви било дронови на Русија кога доказите се јасни за светот“, посочи Ведант Пател, Портпарол на Стејт департмент.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, немаше многу да каже кога беше прашан дали Вашингтон е загрижен дека Украина можеби користи оружје испорачано од САД против Русија.

„Продолжуваме да разговараме со нашите украински колеги за овие операции. Ќе ги оставам да зборуваат за нивните операции“, истакна Кирби.

Аналитичарите велат дека потегот на Украина доаѓа како изненадување и дека најверојатно е тактика да се истроши Москва.

„Мислам дека Украинците сакаа да им ја однесат војната дома на Русите, да му кажат на рускиот народ, не, вие не сте имуни од оваа војна. Ќе го чувствувате тоа секој ден“, смета Чарлс Купчан, советник за надворешни релации.

Аналитичарите кои го чекаат одговорот на Путин велат дека тој може да го искористи упадот на Украина како изговор за напад на нација на НАТО што граничи со Русија.

„Тој сега има докази дека Украинците кои се вооружени и за кои тој тврди дека се обучени од Западот, сега ја напаѓаат Русија. Така тој ќе им објасни на Русите дека тоа се случило и дека тој не направил ништо. Така, мислам дека ќе бидат прилично опасни неколку дена“, посочува Леон Арон од Америкаскиот ентерпрајз институт.

Нешто што жителите на Курск го научија изминатите неколку дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG