Полно за секој настап. Сè е распродадено со месеци однапред. Претставници на Националниот академски драмски театар „Иван Франко“ велат дека минатата година ги привлекол најголемите толпи во својата вековна историја.
„Почнуваме со продажба на билети еден месец однапред. Март има 31 ден, а по 18 минути немаше карти за ниту еден настап за цел месец“, вели Јевен Нишчук, од драмскиот театар „Иван Франко“.
Нишчук вели дека кога започнала целосната инвазија, театарската група ја прекинала работата околу половина година. Откако настапите продолжиле, побарувачката вртоглаво пораснала.
„Културата во најтешките времиња е фактор на духовна стабилност. Во текот на изминатата година приходите на театарот се речиси тројно зголемени. Одигравме сто претстави повеќе во споредба со претходните години“, додава Нишчук.
Нишчук вели дека Украинците покажуваат многу поголема благодарност за нивната култура наспроти руската закана.
Кураторката на ликовната изложба Олена Грозовска се согласува.
„Заканата за нашите идентитет и култура им помогна на луѓето да сфатат колку е важна културата. Гледаме дека Русите ја користат како оружје. За жал, долго време не сме проактивни“, вели Грозовска.
Изложбата е посветена на Ала Горска, уметник и украински дисидент која се соочила со прогон за време на советската ера во 1960-тите.
„Процесите што се случија тогаш, за жал, се повторуваат и сега: украинската култура се уништува. Русите ги урнаа мозаиците на Горска во окупираниот Мариупол. Така, предизвикавме емотивна реакција со оваа изложба“, додава Грозовска.
Делата на Горска од порано не ѝ боле добро познати на пошироката јавност, признава Грозовска.
Но, оваа изложба привлече многу поголема публика од очекуваното.
„За месец и половина имаше 52.000 гости. Интересот не` воодушеви сите“, вели Грозовска.
Објавувањето книги, исто така, скокна за 73% во 2023 година, според Државниот регистар на издавачи. И се отвораат повеќе книжарници, особено во големите градови.
Оваа трикатна продавница „Сенс“ на Крештатик, централната улица на Киев, беше отворена минатата година.
„Дури и мојот тим велеше дека е премногу простор за нас. И за еден месец од отворањето, истите луѓе рекоа дека имало доволно простор. Ни треба повеќе“, вели Олексиј Еринчак, основач на книжарницата „Сенс“.
Сега нејзината продавница има околу 50 илјади посетители месечно, вели Еринчак.
„Пред инвазијата, 75-70% од пазарот беа руски книги. Откако не се на пазарот, украинските книги добија простор. Русија повеќе не ги потиснуваше украинските книги за продажба како што правеше 30 години“, додава Еринчак.
Еринчак вели дека сега е добро време да се искористи обновениот интерес за украинската култура.
Во меѓувреме, УНЕСКО вели дека трошоците за поправка на руската штета на културните споменици во Украина ќе чинат во просек 680 милиони долари годишно до 2033 година.
Facebook Forum